Артур Лундквист
Од Википедија, слободна енциклопедија
Роден(а): | 3 март 1906 Персторп, Шведска |
---|---|
Починал(а): | 11 декември 1991 Солна, Шведска |
Занимање: | поет, прозаист, критичар |
Артур Лундквист (3 март 1906 – 11 декември 1991) е шведски писател, поет и литературен критичар, член на Шведската Академија од 1968 до неговата смрт дваесет и три години подоцна.
Роден во селска средина, Лундквист уште на десет години го напушта училиштето и останатиот дел од животот се само-едуцира. Се преселува во Стокхолм каде во 1928 година ја издава својата прва збирка поезија Glöd („Жар“). Во 1936 година се венча со поетесата Марија Вине. Како припадник на виталистичката школа, тој ги идеализира човековите инстикти и страсти во најголем дел од неговите 80 книги, преведени на речиси 30 јазици. Исклучок прават само книгите пишувани во текот на Втората светска војна, кога неговата поезија зазема еден попесимистички став.
Првата книга поезија „Жар“ ја објави во 1928 година. Има објавено над 80 книги поезија, проза, есеи и патеписи. Со антологијата „Петмина млади“ во 1930 година го навести модернизмот.
Издава низа поеми, меѓу кои особено се истакнува Om natten („Во ноќта“). Високо се ценат неговите преводи на низа дела од шпански и француски писатели. Голем дел од писателите кои тој ги има преведено подоцна се наградени со Нобелова награда за литература.
Како еден од највидните членови на Шведската Академија, во 1983 година Лундквист се противи на доделувањето на ова престижно признание на Вилијам Голдинг, сметајќи дека Нобеловата награда требало да ја добие Клод Симон (Симон ќе стане Нобелов лауреат две години подоцна).
Во 1958 година, добитник е на Лениновата награда за мир.
Во 1977 година, го добива Златниот венец на Струшките вечери на поезијата.
[уреди] Надворешни врски
|