25 јули
Од Википедија, слободна енциклопедија
Шаблон:Јули 2008
25 јули е 206-иот ден во годината според григоријанскиот календар (207-и во престапна година). Остануваат 159 денови до крајот на годината.
Настани:
1878 | Првата кинеска дипломатска мисијa во САД пристигнува во Вашингтон. |
1917 | Холанѓанката Маргарета Гертруда Целе, попозната како Мата Хари, осудена е на смрт под обвинение дека шпионирала за Германија во текот на Првата светска војна. |
1945 | Со одлука на Европската консултативна комисија, Германија во периодот до склучувањето на мировниот договор е поделена на четири зони: источна-советска, северозападна-британска, југозападна-американска и западна-француска. Таа поделба подоцна доведе до формирање на двете германски држави. |
1968 | Папата Павле VI им ги забранува на католичките верници сите вештачки методи за спречување на зачнувањето. |
1984 | Советскиот космонаут Светлана Савитцкаја стана првата жена која излегла надвор од бродот во вселената и првата жена во историјата на освојувањето на вселената која два пати била во нејзиното пространство. |
Родени:
1894 | Гаврило Принцип, атентаторот на Франц Фердинанд. |
1920 | Розалинд Френклин, англиски научник. |
1925 | Невена Георгиева Дуња, млада македонска партизанка во НОВ. |
1976 | Јовица Тасевски - Етернијан, македонски поет, книжевен критичар и есеист. |
1978 | Луис Џој Браун, првото бебe од епрувета. |
Починале:
1834 | Семјуел Тејлор Колриџ, aнглиски поет, еден од највидните членови на романтизмот. |
1986 | Винсент Минели, американски филмски режисер со италијанско потекло, често сметан за Татко на модерниот мјузикл. |
1987 | Крсто Симовски, учесник во НОВ, истакнат општествено-политички работник, основач и прв директор на Институтот за овоштарство на Македонија. |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |