Web - Amazon

We provide Linux to the World

ON AMAZON:


We support WINRAR [What is this] - [Download .exe file(s) for Windows]

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
SITEMAP
Audiobooks by Valerio Di Stefano: Single Download - Complete Download [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Alphabetical Download  [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Download Instructions

Make a donation: IBAN: IT36M0708677020000000008016 - BIC/SWIFT:  ICRAITRRU60 - VALERIO DI STEFANO or
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Суверенитет - Википедија

Суверенитет

Од Википедија, слободна енциклопедија

Суверенитет е ексклузивно право на врховна политичка (на пр. законодавна, судска, и/или извршна) власт над извесен географски регион, група на луѓе или себеси. Суверен претставува врховната законодавна власт, која не е подредена никому.

Содржина

[уреди] Поим

Изворот на или оправданоста за суверенитетот („од Бога“ или „од народот“) треба да се различи од неговата примена од страна на владините сектори. Кај демократските држави, суверенитетот го има народот. Ова се нарекува народен суверенитет; може да се применува непосредно, како кај народно собрание, или почесто, посредно, по пат на избори за претставници на народот. Ова се нарекува репрезентативна демократија - систем на управување кој денес најчесто се среќава. Народниот суверенитет го среќаваме и во други облици, како уставни монархии, по политичка реалност обично идентични на Комонвелтот. Системите на репрезентативна демократија исто така може да се мешаат со други облици на управување, како на пример референдумите во многу земји.

Според овој модел, националниот суверенитет е со вечно потекло, како природата или Бог, легитимирајќи го Божјето право на кралевите кај апсолутните монархии и теократиите.

Поформална разлика се прави по тоа дали законот е тој што е суверен, кое сочинува вистинска правна држава: пишаниот закон (ако е уставно коректен) важи и е применлив, дури и против политичката волја на народот, сѐ додека не биде формално променет по процедура на уставни промени. Во потесна смисла на зборот, секоја отстапка од овој принцип значи револуција или пуч, без оглед на намерите.

Кај уставното и меѓународното право, концептот на суверенитет се однесува и на правото на полна власт на владата врз сопствените работи во рамките на дадена географска територија, и во извесен контекст, правото на разни органи (како судови) на правна јурисдикција, а не по мандат или под надзор. Одредувањето на тоа дали некој ентритет е суверен или не не е егзактна наука, туку работа на дипломатски договор.

[уреди] Кратка историја на концептот за суверенитет

Всилевс е старогрчкиот концепт за „суверен“, кој одредува кој има авкторитас, кој се разликува од прост империум, кој им припаѓа на архони (или „магистрати“).

Жан Боден (1530-1596) се смета за современиот иницијатор на концептот на суверенитет, со неговите Шест книги за државата (1576) кој го претставува суверениот како владетел над секој човечки закон, кој одговара само пред Божјето и природното право. Така тој го предефинира Божјето право на кралевите, велејќи дека: „Сувереноста е апсолутната и вечна власт на една држава“. Сувереноста е апсолутно, па така неделиво, но не и без граници: важи само за јавната сфера, а не и за приватната. Сувереноста е вечна, бидејќи не истекува со нејзиниот имател (како авкторитас). Со други зборови, сувереноста не е ничија сопственост: во суштина, таа е неотуѓива.

Овие карактеристики подоцна решително го обликувале концептот на суверенитет. Истите ги наоѓаме и кај теориите на општествен договор, како на пример онаа на Русо (1712-1778) со неговата дфиниција за народен суверенитет, која се разликува само по тоа што тој го смета народот за суверен. Исто така сувереноста е неотуѓива - Русо ја отрфла разликата помеѓу потеклото и примената на суверенитето, разлика на која се засноваат уставната монархија или репрезентативната демократија. Макијавели, Хобс, Лок и Монтескје исто така играле клучни улоги во формирањето на концептот на суверенитет.

Карл Шмит (1888-1985) го дефинира суверенитетот како моќта на „одредување на вонредна состојба“, во обид, според Џорџо Агамбен, да се спротистави на мислењето на теоријата на Волтер Бенџамин според која насилството е сосема туѓо на законот. Хетердоскниот концепт на суверенитет на Жорж Батај, кој може да се нарече „антисуверенитет“, исто така инспирирал мислители како Жак Дерида, Агамбен и Жан-Лук Нанси.

[уреди] Разни гледишта за суверенитетот

Постојат разни гледишта за суверенитетот кои се во огромна мера различни, и се засноваат на моралната основа на суверенитетот. Овие можат да се искажат преку разните основи за правни системи:

  • Симпатизерите на Божјето кралско право велат дека монархот е суверен по Божје право, а не по народна согласност. Ова мое да се разбере како систем на апсолутна монархија.
  • Во втората книга на „Општествениот договор“ од Русо (1762) се работи за суверенитетот и неговите права. Суверенитетот, или општата волја, е неотуѓив и не може да се пренесе; невидлив е, бидејќи по својата суштина е општ; непогрешлив е и секогаш во право, неговата моќ е одредена и ограничена од општиот интерес; дејствува по пат на законот. Законот е одлуката по општа волја по некое прашање кое го засега општиот интерес, но иако општата волја е секогаш во право и сака само добро, нејзиното расудување не е секогаш просветено, па така не секогаш може да увиди каде лежи општото добро; затоа потребен е законодавец. Но законодавецот сам по себе нема авторитет; тој е само водич по предлог закони, додека само народот (т.е. суверениот или општата волја) го има правото да ги донесе и наметне тие закони.
  • Демократијата се заснова на концептот на народен суверенитет. Репрезентативните демократии дозволуваат (наспроти ставот на Русо) пренос на суверенитетот од народот во парламентот или владата. Парламентарен суверенитет се однесува на репрезентативна демократија каде парламентот е врховниот извор на суверенитет, а не извршната власт.
  • Анархистите и некои либертаријанци го отфрлаат суверенитетот на државите и владите. Тие велат дека суверенитетот се содржи во поединецот, како Анарх како суверен поединец.
  • Некои симпатизери на демократската глобализација сметаат дека националните држави треба да ја предадат дел од својата моќ на светска влада управувана од светски граѓани кои засега се огранизирани на меѓувладина база.

Клучниот елемент на суверенитетот во законодавна смисла е ексклузивноста на јурисдикција.

Особено кога одлуката е донесена од еден суверен ентитет, и никој нема право да ја поништи. Друг правен елемент на сувереноста е тоа што та не треба да стои само по законот, туку дека и мора да се применува. („Нема де јуре суверенитет без де факто суверенитет“.) Со други зборови, не е доволно да се биде прогласен за суверен, ниту само применување на суверена моќ; sovereignty за вистински суверенитет се потребни обете елементи.

[уреди] Територијален суверенитет

Триесетгодишната војна, верскиот конфликт кој го зафатил најголемиот дел од Европа, се завршила со т.н. Вестфалиски мир во 1648 каде се воспоставил принципот на територијален суверенитет како доктрина на немешање во работите на други држави. Во 1789 Француската револуција го пренела суверенитетот од рацете на суверениот владетел во рацете на нацијата (народот).

[уреди] Суверенитетот во меѓународното право

Во меѓународното право, суверенитет е легитимната примена на власт од страна на една држава. Де јуре суверенитет е законското право на тоа; де факто суверенитет е способноста за фактичка примена на моќта Странските влади можат, но не мора да го признаат суверенитетот на еден ентитет.

На пример, во теорија и Народна Република Кина и Република Кина се сметале себеси за суверени влади над сета копнена Кина и Тајван. Аико некои странски влади ја признаваат Република Кина за суверена, највеќето ја признаваат НР Кина. Меѓутоа де факто, НР Кина ја применува својата суверена власт над копнена Кина, а не Тајван, додека Република Кина има фактичка власт само над Тајван и некои околни острови, но не и копнена Кина. Бидејќи амбасадорствата постојат само меѓи суверени државни странки, земјите кои ја признаваат НР Кина имаад де факто, но не и де јуре дипломатски односи со Тајван по пат на 'претставништва', како Американскиот институт во Тајван наместо амбасада.

Автономната покраина Косово во Србија е сличен пример, каде српската влада е де јуре суверена сила, но Обединетите Нации имаат де факто власт уште од 1999. Покраината сеуште се смета за дел од Србија, иако српската влада нема практична контрола врз регионот.

Суверенитетот може да важи дури и кога сувереното тело не поседува територија или неговата територија е под делумна или целосна окупација од странски сили. Светиот Синод се нашол во оваа ситуација помеѓу припојувањето на Папските држави кон Италија (1870) и потпишувањето на Латеранските договори (1929), кога бил признаен за суверен од страна на многу (главно Римокатолички) држави, иако немал територија — ситуација која се решила со тоа што со Латеренските договори на Светиот Синод му се дал суверенитет над Ватикан. Суверениот воен ред на Малта е исто така бестериторијално тело кое себеси се смета за суверен ентитет, иако не е универзално признаен за таков.

Така, прогонетите влади наа многу европски држави (како да речеме Норвешка и Холандија) за време на Втората Светска војна се сметале за суверени, и покрај странската окупираност на нивите територии; нивната фактичка власт продолжила по ослободувањето на териториите. Владата на Кувајт била во слична ситуација виз-а-ви ирачката окупација од 1990 до 1991 год.

[уреди] Суверен како титула

Во ретки случаи титулата „суверен“ не е само генерички поим, туку фактички (дел од) формалното звање на шефот на државата.

Така, од 22 јуни, 1934 до 29 мај, 1953 (титулата „Цар на Индија“ била укината на 15 август, 1947, по ретроактивен проглас од 22 јуни, 1948), Кралот на Јужна Африка во доминионот Јужна Африка имал звање: „по милост Божја“, на Велика Британија, Ирска и Британските Доминиони преку Морињата Крал, Заштитник на Верата, Цар на Индија и Суверен во и над Јужноафриканската Унија“. Со крунисувањето на Елизабета II на престолот на Јужна Африка во 1952, титулата се променила во „Кралица на Јужна Африка и Нејзините други Кралства и Територии, Глава на Комонвелтот“, паралелно на звањето кое го користи во речиси сите други земји членки на Комонвелтот.

[уреди] Видете исто така

  • Кметство
  • Базилевс, старогрчкиот концепт за суверенитет
  • Колонизација
  • Диктатура
  • Божје право (Боден, Хобс и др.)
  • Водство
  • Неинтервенција
  • Пленарна власт
  • Самоодредба
  • Самосопствеништво
  • Теории на општествен договор (Хобс, Лок, Русо)
  • Држава
  • Сузеренство
  • Парламентарен суверенитет
  • Народен суверенитет
  • Суверенист
  • Вестфалиски суверенитет

[уреди] Извори и надворешни врски

Static Wikipedia 2008 (March - no images)

aa - ab - als - am - an - ang - ar - arc - as - bar - bat_smg - bi - bug - bxr - cho - co - cr - csb - cv - cy - eo - es - et - eu - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - frp - fur - fy - ga - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - jbo - jv - ka - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - ms - mt - mus - my - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nn - -

Static Wikipedia 2007 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -
https://www.classicistranieri.it - https://www.ebooksgratis.com - https://www.gutenbergaustralia.com - https://www.englishwikipedia.com - https://www.wikipediazim.com - https://www.wikisourcezim.com - https://www.projectgutenberg.net - https://www.projectgutenberg.es - https://www.radioascolto.com - https://www.debitoformativo.it - https://www.wikipediaforschools.org - https://www.projectgutenbergzim.com