Web - Amazon

We provide Linux to the World

ON AMAZON:


We support WINRAR [What is this] - [Download .exe file(s) for Windows]

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
SITEMAP
Audiobooks by Valerio Di Stefano: Single Download - Complete Download [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Alphabetical Download  [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Download Instructions

Make a donation: IBAN: IT36M0708677020000000008016 - BIC/SWIFT:  ICRAITRRU60 - VALERIO DI STEFANO or
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Ристо Крле - Википедија

Ристо Крле

Од Википедија, слободна енциклопедија

Ристо Крле

Портрет на Ристо Крле
Роден(а): 3 септември, 1900
Знаме на Република Македонија Струга, Република Македонија
Починал(а): 29 октомври, 1975
Скопје, Република Македонија
Занимање: Писател
Жанр: Драма

Ристо Крле (Струга, 3 септември 1900 - Скопје, 29 октомври 1975) e драмски писател и еден од првите членови на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). Добитник e на наградата „11 Октомври“ за животно дело.

Содржина

[уреди] Живот

Ристо Крле е роден во 1900 година во Струга, како син на кондураџија. Неговото школување било краткотрајно со чести прекини. До Првата Светска Војна, тој го завршил основното училиште и една година од средното училиште. Потоа, до 1916 година паузирал со образованието. Кога Македонија била под бугарска окупација тој решил да го продолжи своето образование и успешно завршил уште една година од средното образование. Но, за жал, образованието на Ристо Крле било уште еднаш прекинато поради смртта на неговиот татко. После тоа тој немал можност да го продолжи своето образование. Како тинејџер тој се вработил, и по завршувањето на Војната, ја наследил професијата на својот татко – станал кондураџија.

Неговата активност започна со групата на културните изведувачи „Црни Дрим“ од Струга. Четири години подоцна, Ристо Крле се приклучил на аматерската група на актери – изведувачи и неговата желба беше да напише сопствена драма. Но, таа негова желба не се реализирала во скоро време. Во 1925 година, тој заминува во Поградец, на албанска територија, каде што живееле голем број Македонци. Таму тој прифатил да работи како кондураџија, останувајќи една година. Кога работел во Албанија, Ристо Крле ја добил идејата за неговата прва драма: „Парите се отепувачка“. Кога се вратил во Струга, тој се вработил, но по две години бил отпуштен како вишок. За да може да опстане со неговото семејство, тој отворил сопствен дуќан, но поради конкуренцијата од поголемите компании, морал да го затвори. Ристо Крле променил многу работни места и после Втората Светска Војна во кратки периоди работел во Скопје и Белград. Ристо Крле, исто така, бил и активен член на Друштвото на Писателите во Македонија. Починал на 75-годишна возраст во Скопје.

Оваа биографија е преземена од [1]

[уреди] Творечкиот пат на Ристо Крле

Текстот подолу е преземен од [2]

Ристо Крле е драматург со неверојатен талент и неговите дела и денес се едни од најзначајните дела во македонската литература и го рефлектираат постоењето на значаен човек од народот кој на навистина посебен начин ја забележал македонската историја – преку пишаниот збор.

Навистина, Ристо Крле уште на почетокот ја избрал дијалошката форма на раскажување, но таа е токму онаа најпогодна и најрудиментирана за непосредно пренесување на настаните или случките.

Во својата „Автобиографија“, Ристо Крле искрено раскажува како тој, иако физички работник, дошол на идеја „да продава памет“. Него го потресол еден трагичен случај – убиството на единствениот син кој по долги години се вратил од печалба дома. Не препознавајќи го, неговите родители подмамени од можноста за лесно збогатување ќе го убијат, а потоа кога ќе дознаат што сториле, мајката ќе ја удри капка, а таткото ќе се самоубие. Ваквите случаи, иако драстични, не биле осамени и кај нас, а и во многу други земји што живееле во слични услови. Крле укажува дека сказната за оваа потресна случка ја слушнал од некој селанец во Поградец, каде што тој извесно време работел како кондураџија. Селанецот дошол во дуќанот на неговиот мајстор да побара чевли за убиените. Ние од своја страна би додале дека не само оваа случка, туку и овој мотив е прилично чест во литературите на другите народи. Но, ако пооделните автори кон него пристапувале со неопходниот рафинитет, потенцирајќи ја опачината и ниските инстинкти на човекот, нашиот драматург на прв поглед се чини дека немал поинакви претензии освен, прогонуван од потресноста на оваа неизмислена животна драма, да го опише случајот, да си го испроба талентот, како што вели тој, да се отсрами пред жена си, пред која не еднаш се фалел дека ќе го опише ова по малку неверојатно убиство.

Цели единаесет години, ни соопштува тој, го прогонувала оваа мисла. И не еднаш се обидувал раката што беше научена да држи само чекан, да ја принуди да го прифати и перото, да започне со совладувањето на еден нов занает за кој Крле речиси воопшто не бил подготвен. Единствен поблизок контакт со новата професија Крле го имал кога бил член на културно-уметничкото друштво „Црни Дрим“. Но, тоа било премалку за да се здобие со неопходните знаења, да се влезе во проблематиката на драматургијата. Сепак, било доволно, да се почувствува наклоност кон овој литературен род, да се вреже во себе амбицијата дека еднаш кога за тоа ќе дојде време, пасионираниот љубител на театарската уметност ќе се претвори во нејзин активен чинител. Така и се случи. По повеќе обиди, Крле речиси одеднаш го создаде својот прв драмски текст „Парите се отепувачка“, иако многу пати пред тоа, се обидувал драмски да го возобличи сижето на пиесата подоцна позната како „Милиони маченици“.

Токму во периодот кога Крле целосно се прадава на драмската литература доаѓа и изведбата на повеќе драмски дела од Македонци и на македонски јазик. Настојувајќи да се доближи до пошироките македонски маси кои дотогаш биле рамнодушни за дејноста на тогашниот скопски театар, неговиот управник Велимир Живоиновиќ – Масука ќе се обиде да исфрли на сцената пиеси што ќе бидат блиски до народниот бит и менталитет. Тоа ќе наиде на голем одѕив ширум Македонија, и ќе поттикне многумина дотогаш непознати автори да ги испробаат своите сили како опишувачи на народниот живот. Значи, постоеја реални можности, делата кои со толку труд и напор се раѓаа да ја доживеат својата сценска реализација, да биде проверена нивната оживотворност во допир со гледачите, затоа што драмското дело најцелосно егзистира на сцената.

Самиот Крле, кој во 1937 година ја завршил драмата „Парите се отепувачка“ не чекал многу на оваа шанса. Велимир Живоиновиќ и режисерот Јосиф Срдановиќ без поголем напор ја открија талентираноста на струшкиот чевлар и веќе во декември 1938 година, Крле им се претставил на скопските гледачи со својата драма. Но, на сугестија на Живоиновиќ, Крле морал да го измени крајот на драма. Наместо да биде убиен синот печалбар од страна на своите родители, убиството беше навестено само како намера. Ова дело предизвика контроверзии кај домашните гледачи, најмногу поради можноста да се добие впечаток дека Македонецот е готов да убие за пари, со што се оцрнува нашиот народ. Меѓутоа, овие забелечки не влијаеа врз несекојдневната надареност на овој драматург – чија смисла за ненаметливо водење на драмско дејствие и создавање на психолошки набој и атмосфера беше и повеќе од видлива. Така, дотогашниот непознат струшки чевлар, речиси неочекувано се приклучи кон веќе познатите тогашни наши драматурзи Антон Панов и Васил Иљоски. Многубројните писма што Ристо Крле ги добил пред и по изведувањето на „Парите се отепувачка“, речито сведочат за се поголемиот интерес на нашиот народ за создавање на сопствена литература.

Успехот што Крле го постигна со „Парите се отепувачка“ ќе биде не само потврден туку и надминат со неговиот следен текст. Тоа е „Антица“ која беше изведена во почетокот на 1940 година. Сижето на оваа драма е слично на неговиот драмски првенец. Одново е во прашање инспирирање на непосредниот народен живот. Но, и овде како и во „Парите се отепувачка“, сосем ненаметливо Крле исфрли еден сериозен проблем за нашите услови: погрчувањето на дел од нашите чорбаџии зад кое се крие амбицијата за власт и лесно збогатување. И, како што во „Парите се отепувачка“ Крле ја покажа опачината на алчноста за пари, во „Антица“ тој ја наслика превртливоста и бескрупулозноста на оние кои се одродуваа и стануваа полоши дури и од вистинските поробувачи. Тоа истото го исмејуваше и Стерија Поповиќ, како и многумина други писатели во соседните литератури, за кои Крле многу малку знаеше, но зад кои, независно од неговата самоникнатост и исклучителна свртеност кон родниот крај, неговите дела воопшто не заостануваат.

Следното попознато дело на Ристо Крле е пиесата „Милиони маченици“. Таа беше изведена при крајот на истата 1940 година, Нејзиниот мотив, како што веќе видовме повеќе години го преокупираше Крле и тој не еднаш се обидувал да го реализира, независно од деликатноста на материјата што ја обработува во овој текст. Пистателот самоук, кој толку успешно понираше во реалноста што го опкружува, не можеше да не ги ангажира гледачите со еден од најактуелните проблеми на своето време: продирањето на странскиот капитал и изумирањето на занаетите од кои живееше голем дел од населението во Македонија. Во конкретниот случај, продирањето на „Бата“ во поранешна предвоена Југославија, кој во тогашните услови беше супермодернизиран концерн за производство на чевли и слични производи, ги присили домашните чевлари да ги затворат дуќаните. Оваа нелојална конкуренција на свој грб ја почувствува и авторот на „Милиони маченици“. Затоа, со нескриена горчина тој се обиде да го опише пропаѓањето на сопствениот занает, како и безизлезноста во која се најдоа бројните негови колеги кои речиси преку ноќ останаа без муштерии, без минимална заработувачка. По повеќе преправки што се наметнаа како неопходни, за да биде одобрено прикажувањето на оваа пиеса, таа на крај се појави пред гледачите, за уште еднаш да ги увери дека во лицето на струшкиот кондураџија македонската литература се здоби со писател кој не бара само инспирација во народниот фолклор, туку и живо го следи пулсот на современоста заедно со нејзините опачини.

По ослободувањето, Крле напишал уште две драми и неколку раскази. Пиесата „Гроф Миливој“ не враќа во времето на српското владеење во Македонија, чиј непосреден сведок беше самиот автор, расветлувајќи ја корумпираноста на владеачкиот режим. „Голем ден“ задира во деновите на ослободувањето и во неа, покрај ентузијазмот својствен за овој период, доаѓа до израз и црнобелото сликање како навика која длабоко се беше врежала во нашата литература.

[уреди] Литературно творештво

  • „Парите се отепувачка“ (1938) [3]
  • „Милиони маченици“ (1940) [4]
  • „Антица“ (1940) [5]
  • „Велик ден“ (1950)
  • „Гроф Миливој“ (1958)
  • „Автобиографија“ (прв дел, 1990)

[уреди] Надворешни врски


Static Wikipedia 2008 (March - no images)

aa - ab - als - am - an - ang - ar - arc - as - bar - bat_smg - bi - bug - bxr - cho - co - cr - csb - cv - cy - eo - es - et - eu - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - frp - fur - fy - ga - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - jbo - jv - ka - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - ms - mt - mus - my - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nn - -

Static Wikipedia 2007 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -
https://www.classicistranieri.it - https://www.ebooksgratis.com - https://www.gutenbergaustralia.com - https://www.englishwikipedia.com - https://www.wikipediazim.com - https://www.wikisourcezim.com - https://www.projectgutenberg.net - https://www.projectgutenberg.es - https://www.radioascolto.com - https://www.debitoformativo.it - https://www.wikipediaforschools.org - https://www.projectgutenbergzim.com