Од Википедија, слободна енциклопедија
Предраг Самарџиски (роден 4 ноември, 1986 во Скопје) е македонски кошаркарски репрезентативец, кој настапува за српскиот кошаркарски прволигаш ФМП Железник. Тој е висок 213 см и тежок 112 кг. Игра на позиција центар. Самарџиски настапувал за сите младински репрезентации на Македонија. По старите правила на НБА Драфтот, Предраг смееше да учествува на 18 години, во 2004, но подучен од НБА судбината на Дарко Миличиќ, се отпиша од драфтот, иако беше проектиран за пик во првата рунда, гарантирајки му 3-годишен договор со НБА тим. Предраг смееше да партиципира и на наредните четири НБА Драфтови, во 2005, 2006 2007 и 2008. Во меѓувреме, Предраг настапуваше за КК Партизан и за ФМП Железник, од 2005/2006 до ден денес. Тој имаше просеци од 12 поени и 7 скока со ФМП Железник во квалификациите за Улеб Купот 2007/2008. Во јуни 2008, тој конечно ќе учествува на драфтот, и е проектиран помеѓу 45та и 57та позиција.