Тодор Гечевски
Од Википедија, слободна енциклопедија
Тодор Гечевски (роден 28 август, 1977 во Кавадарци) е македонски кошаркарски репрезентативец, и најдобриот македонски интернационалец за 2005та, 2006та и 2007ма година. Тој е звездата на хрватскиот кошаркарски прволигаш КК Задар од Јадранската НЛБ Лига. Тој е висок 209 см и тежок 105 кг. Игра на центарската позиција. Гечевски исто така има настапувано и на кадетските и младинските репрезентации. Тој настапуваше за Македонија на Европското Кошаркарско Првенство во 1999, и на квалификациите за неколку европски и светски првенства, вклучувајки ги и последните квалификации за Европското Кошаркарско првенство во Шпанија во 2007.
[уреди] Тимови за кои има настапувано
- Кавадарци - (Република Македонија) - 1995/1999
- Никол Ферт Гостивар - (Република Македонија) - 1999 (до Декември 2000)
- Никол Ферт Гостивар - 2001/2002
- Авелино - (Италија) - 2002/2003
- Брант Хаген - (Германија) - 2003 (до Октомври 2003)
- КК Фершпед Работнички - (Република Македонија) - 2003
- КК Задар - (Хрватска) - 2004/
[уреди] Награди
Во текот на својата кариера, Тодор има освоено бројни награди. Прва од нив беше освојувањето на Македонска Прва Лига во кошарка во 1999-2000 со 'Никол Ферт Гостивар', и повторно освојувањето на лигата со Фершпед Работнички во 2003-2004, Македонскиот Куп во 2001 со МЗТ Скопје, во 2004 со Фершпед Работнички пред преселбата во Хрватска. Со Задар, доаѓа до нови успеси со освојувањето на Хрватскиот Куп во 2004/05, 2005/06 and 2006/07, и Хрватската Лига во 2004/2005.
|