Нов Завет
Од Википедија, слободна енциклопедија
Дел од серијалот Христијанство |
|||
Историја на христијанството |
|||
Христијанска теологија |
|||
Библијата |
|||
Христијански звања Христијански движења |
|||
Новиот Завет е централното писмено свидетелство на христијанството, во кое основната представена личност е Исус Христос. Новиот завет претставува втор дел на Библијата (по Стариот завет) и содржа 27 книги, од кои се евангелија, историја и дејност на првите христијани, писма и книгата Откровение. Напишан е на старогрчки јазик ("Novum Testamentum Graece") и по точно на разпространеното наречје "коње".
[уреди] Постанок на Новиот завет
Првиот дел од Новиот Завет го сочинуваат Евангелијата. Од нив може да се види дека биле пишувани од луѓеочевидци на животот на Исус Христос, и биле сведоци за се она што виделе и чуле.
Првото Евангелие е според Матеј. Тој лично со своите очи и уши гледал и слушал за она што го пишувал. Во неговите спомени останале незаборавните доживувања со Исус Христос, кои ги пренел на хартија. Господ Исус лично го повикал да го следи (Мат.9:9). Матеј по професија бил даночник и откако почнал да го следи Исуса, со Hero поминал многу време, па можел да пишува од искуство, секако воден и инспириран од Светиот Дух. Евангелието според Матеја е напишано помеѓу 80. и 85. година, a местото на пишување веројатно било Палестина.
Второто Евангелие е според Марко. Тој своите информации ги добил од апостолот Петар. Тоа е воедно најкраткото и наједноставното Евангелие. Марко многу внимателно ги опишал случките, но не по хронолошки ред. Целта на ова Евангелие е да го претстави Исус Христос како Божји Син, да ги опише Неговите дела, Неговата неограничена моќ и Неговите чуда. Се смета дека ова Евангелие е напишано околу 65. година.
Третото Евангелие е според Лука. На почетокот тој пишува дека сите информации од оние кои биле сведоци на Исус Христос, добро ги испитал и после внимателното и опсежно истражување почнал да го пишува Евангелието. Ова Евангелие подоцна му го упатил на некој си честит Теофил. Лука долго време му бил сопатник на апостолот Павле. Бил со него и кога бил одведен како затвореник во Рим. По професија, Лука бил лекар и во она време многу учен човек, што се гледа и по неговиот начин на изразување. Евангелието спо ред Лука е пишувано помеѓу 80. и 85. година.
Четвртото и последно Евангелие е според Јован, кое го напишал во својата длабока старост. Ова ги надополнува првите три, и го прикажува Исуса како Божји Помазаник. Пишувано е помеѓу 90. и 95. година.
[уреди] Послание
Посланијата кои се наоѓаат во Новиот Завет биле пишувани одвреме навреме, по потреба. Апостолите преку тие посланија поучувале, предупредувале, советувале или укорувале. Посланијата настанале во текот на првиот век, а на младата, штотуку основана христијанска црква и требале многу практични совети. Во Новиот Завет има само една книга која е исклучиво од пророчка природа и се вика Откровение. Апостолот Јован бил прогонет на островот Патмос, каде што ја напишал оваа последна книга во Библијата. Новиот Завет се состои од:
- 4 Евангелија,
- 1 книга за Делата на апостолите,
- 21 Писмо или Послание и
- 1 книга на Откровението
Бискупот Атанасие од Александрија (295-373) прв ја нарекол оваа збирка од 27 книги канонска (меродавна збирка на книги). Така, околу 400. година, редоследот на книгите во Библијатабил одреден и конечен. Библијата е единствената книга која е во состојба да даде одговори на прашањата кои луѓето ги поставуваат истражувајќи ја вистината: „Што треба да направам за да се спасам? ". Библијата е напишана и за богатите и за сиромашните, и за учените и за простите, и за веселите и за тажните, и за добрите и за злите, и за старите и за младите. Нејзиниот извор е непресушен.