Web - Amazon

We provide Linux to the World

ON AMAZON:


We support WINRAR [What is this] - [Download .exe file(s) for Windows]

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
SITEMAP
Audiobooks by Valerio Di Stefano: Single Download - Complete Download [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Alphabetical Download  [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Download Instructions

Make a donation: IBAN: IT36M0708677020000000008016 - BIC/SWIFT:  ICRAITRRU60 - VALERIO DI STEFANO or
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Илијада - Википедија

Илијада

Од Википедија, слободна енциклопедија

„Илијада“ е епопеја која се смета дека ја напишал Хомер. Тематски е сврзана со времето кога Грците ја почнале колонизацијата на островите во Егејско Море и на Мала Азија. Оваа колонизација била предизвикана од зголемувањето на населението на Балканскиот Полуостров, кое почнало да бара земји за насесување и да ги напаѓа и ограбува соседите. Содржинската основа на епопејата ја сочинуваат настани од времето на Тројанската војна, што се случила во периодот од тринаесеттиот до дванаесеттиот век пред н.е. Според митот за Tројанската војна, Парис, синот на тројанскиот цар Пријам, ја грабнал Eлена, жената на спартанскиот цар Mенелеј, и ја однесол во родниот град Илион (Троја). Сите грчки јунаци од одделни области на чело со Агамемнон, царот на арг, се кренале против ова нечесно дело на Парис за да му се одмаздат. Така почнала војната што траела десет години. За заповедник на аџајската -грчката војска бил поставен Агамемнон. Настаните за кои се раскажува во „Илијадата” се случиле во последната, десетта година од војната.

Содржина

[уреди] Кратка содржина

Во 10тата година на тројанската војна избувнала караница мегу Ахил и Агамемнон, аполоновиот свештеник Хрис го замолил Агамемнон да му ја врати ќерката Хрисеида, која како дел од пленот му била доделена на Агамемнон по освојувањето на градот теба од ахајците. Агамемнон не сакал да му ја исполни молбата на хрис и богот аполон налутен од оваа негова постапка за казна испратил страшен помор мегу грчката војцка. За да го смилостиви аполона, Агамемнон му ја вратил Хрисеида на свештеникот, но ја зел бриседа, заробеничка на Ахил. Кога ова го дознал Ахил - најсилниот ахајски јунак - се разгневил и се откажал да се бори против тројанците. Разжалостен седнал покрај многуводното море и ја замолил мајка му божицата тетида да се одмазди за таа неправда што му ја сторил гордиот цар Агамемнон. Тетида го убедила Зевс да се застапи за син и и да им помогне на тројанците. Тогаш воената срека поминала на страната на тројанците. Тројанците кои десет години не се решавале да излезат од градот и да војуваат на отворено бојно поле, бидејки во редовите на ахајската војска се наогал Ахил, тогаш излегле надвор од сидиштата на Троја и почнале двобои и општи битки. На двобој излегле Менелај и Парис каде што победил Менелај, но божицата афродита го спасила Парис на тој начин што го направила невидлив и го одвела во неговиот дворец. На двобој излегле Ајакс и Хектор. Хектор бил ранет, но богот аполон брзо го излекувал. Боговите на Oлимп се поделиле на два табора. Тетида и Зевс останале заштитници на тројанците, а хера и Атина - заштитници на ахајците (грците). Додека налутениот Ахил не се борел, многу јунаци од двете страни успеале да ја покажат својата храброст и борбени вештини: Агамемнон, Менелај, бра’ата Ајакси, Диомед, Одисеј, Идомени и други. Ме’у тројанците како најсилен се покажал: “вртишлем” Хектор, енеј, ликурскиот цар царпедон и многу други. Кога бројот на убиените станал многу голем, двете страни склучиле примирје за да ги закопаат загинатите. По примирјето борбата продолжила со уште поголема жестокост и според волјата на Зевс победиле тројанците. Поразените, ахајци побегнале на своите кораби, гонети од Хектор, кој ликувал поради успехот. Ноќта го прекинал гонењрто, а тројанците радосни, цела нок палел е огнови и им принесувале жртви на боговите. Во грчкиот логор Агамемнон не можел да се смири поради пор азот, па затоа се согласил да ги испратат најдобрите грчки јунаци феникс, ајан и Одисеј кај Ахил и да го замолат да престане да се лути и да се врати на бојното поле. Ахил не се согласил и ги одбил даровите што му ги испратил Агамемнон и им рекол дека има намера да се врати назад во родната стија. Откако во борбите биле ранети Диомед, Одисеј и еврипил, мудриот јунак нестор го наговорил Патрокле, најдобриот пријател на Ахил, да појде кај својот пријател и да го замоли да престане да се лути, а, ако не успее, нека се облече како Ахил и нека прифати двобој. Патрокле се согласил и штом го виделе тројанците, мислејки дека е Ахил, се исплашиле и се повлекле од бојното поле. Патрокле успеал да ги потисне тројанците и го убил сорпадон. Хектор разгнвен се замешал во двобојот и го убил Патрокле, мислеј’и дека е Ахил. По смртта на Патрокле се сменила воената срека на ахајците и тројанците. Ахил кога дознал за смртта на својот најдобар пријател решил да се одмазди за неговата смрт и се помирил со Агамемнон. Почнале нови борби, Ахил прво излегол на мегдан со ехеј, кого од сигурна смрт го спасил богот посејдон. Ахајците биле надмокни и Пријам наредил тројанците од бојното поле пред сидиштата на Троја да се повлечат во градот. Војската се повлекла, единствено храбриот Хектор останал, а кон него се упатил Ахил и го повикал на двобој. Хектор се исплашил и почнал да бега, зашто не очекувал да го види Ахила. Ахил почнал да го гони и успеал да го убие. Му ја соблекол облеката, го врзал за својата кола за нозете, а главата му ја оставил да се влече по земја. Откако неколку пати обиколил околу Троја за да видат тројанците дека нивниот најголем јунак е мртов, Ахил телото го довлечкал до ахајските кораби. Цела Троја ја обзел ужас од смртта на Хектор. Мајка му тажела гласно и си ги кубела белите коси. Плачот бил толку голем како Троја да се урива во пожар. Во тоа време Ахил наредил да му се подготви свечен закоп на Патрокле. Несрекниот Пријам, татко то на Хектор, со богати дарови дошол во грчкиот логор со цел да го откупи мртвото тело на синот. Потресен од плачењето и молбите на Пријам, Ахил му го дал телото на убиениот Хектор, кого тројанците го пречекале со плачење. Епопејата завршува со свечен закоп на Хектор, кого го спалуваат на клада.

[уреди] Јунаците во Тројанската војна

[уреди] Ахил

Ахил е јунакот околу кого се групирани сите поважни настани во “Илијада“. За старите грци тој бил олицетворение на нивниот идеал за совршен јуиак. За разлика од другите грчки јунаци кои во војната со тројанците пред се барале плен и богатство, тој е дојден да војува за општото добро на сите грци. Ахил при поделбата на пленот се задоволил со најмал дел, иако знаел дека е најголемиот јунак во грчката војска. Кога Ајакс за Брисеида, што му ја одзел Агамемнон, му нудел седум моми и многу дарови, тој му одговорил дека во грција секоја навреда може да се ублажи со поткуп. Тој не мислел така, со честа не се тргува и ги одбил понудите на ајакц. Ахил е бестрашен јунак и Хомер ни го покажува во разни ситуации: кога е гневен и упорен, кога се бори на бојното поле, нанесувајки смртоносни удари; кога се колне над телата на мртвиот Патрокле дека ке го одмазди; кога се одмаздува, бездушно влечејки го телата на Хектор под сидиштата на Троја и кога наредува да се убијат дванаесет тројанци. Силата и бестрашноста не се единствените одлики на Ахил. Тој знае да биде благороден и великодушен. Молбите на Пријам да му го даде мртвото тело на Хектор го смекнуваат неговото гневно срце. Тој е трогнат до солзи кога стариот крал приј ам клекнува и му ја бакнува раката, раката што ги убила неговите синови. Во тој миг Ахил ја заборавил одмаздата и му го предал мртвиот Хектор:

„Кротко го зеде старецот за рака, го отсеби полека, Двајцата тажни беа: Пријам за синот плачеше свој, славниот, мртов сега легнат пред нозете на Ахил: Ахил, пак, со мисла за татка си и другарот тажно плачеше - и надалеку се носеше плачот жален.“

Ахил му го дава телото и му ветува дванаесет денови примирје за да можат тројанците да го исплачат Хектор и да го закопаат со сите почести. Ахил е национален јунак на грчкиот народ. Тој станал нивен идеал поради способноста да биде жесток и најнежен; многу да сака и многу да мрази, да се одмаздува и да сочувствува. Неговата храброст и благородност станале поим за совршен човек.

[уреди] Хектор

Хектор е најславниот тројански јунак и војсководец. Ахајците го сметале за непобедшш и кога паднал пронижан од конјето на Ахил, грчките војници дошле да проверат дали е обичен човек:

„Другите синови пак Ахајците околу него трчаа за да го видат и да се начудат мошне на Хекторовата снага и лик, што возбудува вохитч туку не можеше тогаш ниеден од нив да се здржи и да го удри трупот на Хектора, макар и мртов. Вака пак некој ќе речел, гледајќи во другиот ближен: Олеле, вистина сега на пипање е помек Хектор одошто корабите кога ги палел со жешкиот оган.“

Хектор е одважен и чесен борец, тој војува за да ја одбрани честа таткова и своја и даја заштити родната земја од тутинските напагачи. Тој има развиена чувство за обврска и одговорност. Жена му Андромаха го одврака од двобојот со Ахил, но тој, иако многу ја сака, иако е загрижен за нејзината иднина и иднината на синот, не се откажува од двобојот:

„Вистина жено, за ова се мислам и јас, но се срамам страшно од нашиве Тројци и Тројки со облеки долги, ако се повлечам јас ко страшливец беден од бојот: зашто не ме пушта духот и везден сум свикнал да бидам чесен и одважен јас, да се борам сред првите Тројци славата таткова велја и своја гледајќи да спасам.“

Хектор страшливоста ја сметал за недостојна слабост и го прекорува својот брат Парис, кој, кога го повикал Менелаја на двобој за да го решат спорот околу убавата елена, штом го видел како скока од колата, се уплашил и почнал да бега:

„Зошто ти не сретна со оружје царот Менелај. Би открил на каков јунак си му ја зел жената. Нема да ти помогнат ни гитарата ни раскошната убост даровите на Афродита, кога си ништожен како прашинка.“

Од Хектор зрачи човечка доблест, искреност и непосредност. Ако на бојното поле идеал му била чесната борба, идеал во домот му е цемејхата срека. Тој е нежен татко. и верен сопруг, целосно предаден на жената и синот.

[уреди] Терсит

Во “Илијада“, антагонизмот што постоел мегу луѓето во робовладетелското општество, пред се е претставен како борба мегу робовладетелите, а не мегу робовите и господарите. Робовите служат само како пасивна основа при опишуваиьето на јунаците. Како ке завршат битките решаваат водачите на двобпи, а не војската, па затоа во “Илијада“ е многу мал бројот на личности претставници на понис:ките слоеви. Мегу тие малубројни ликови се издвојува ликот на Терсит. Терсит е слободен војник и според надворешниот изглед е многу грд:

„Тој бил најгрдиот човек од сите што дошле под Илиј: кривоног сосем и куц на едната нога, со двете рамена криви, кон градите збрани, а главата нему шилеста горе му била со тенка проретчена коса“.

Неугледниот надворешен изглед на Терсит како да е одраз на неговото неугледно потекло. Иако бил грд, имал бистар и прониклив и затоа Одисеј го нарекувал лудозборец. Терсит протестира против богатеиьето на царевите, в очи им кажтува која е побудата што ги тера да војуваа, а тоа е алчноста за плен и злато:

„Сине Атреев на што ли се жзалиш и што ти е малку? Полни чадорите твои се туч а одбрани жени многу си имаш ти во нив, што ние Ахајците тебе како на прсти ти ги даваме нив, штом некој ќе падне. Или не ти стига златото што ќе ти го донесе некој од коњокротците Тројци од Илиј как откуп за синот, или пак женичката млада да в постела своја си љубиш и настрана ти ја држиш сам ? Што не ти личи тебе, прв војсководец, на зло ги водиш Ахајските синови“

Овие зборови што Терсит му ги упатил на Агамемнон ја покажуваат појавата на социјална нееднаквост во рамките на првобитната демократија. Терсит е и бунтовник и бара војската да му откаже послушност на царот, кој на ахајците им носи беда. Со својата слободоумност и протест, Терсит е казнет и е натепан од Одисеј . По лицето му се леат солзи, веројатно, повеке од јад, зашто е осамен во својот протест и што народот не ја осознава својата положба.


[уреди] Аристократијата

На страниците на “Илијада“ се прикажани голем број личности. Повекето од нив се цареви, војсководци, богови, свештеници и ретко некој човек од народот, како војникот Терсит. Хомеровите цареви (василевси) не се од типот на европските монарси, тие се избрани воели водачи на племииьата. Општеството за кое раскажува Хомер се уште не е класно општество. Тоа е време кога се распафа родовското општествено уредувюье и се создаваат робовладетелски односи. Хомеровите цареви се првите никулци на робовладетелската лристократија. Тие се големци, горди луѓе, свесни за својата мок, бидејки се израстени во 5итки за освојѕбаибе тути територии. Ропството на воените заробеници веке била прифатена юјава. Тие се самоуверени и не признаваат друг суд, освен судот на својот меч. Агамемнон, заповедникот на грчката флота, е кпајхо горделив. Тој со презир го истерува свештеникот )(рис, кога тој дошол да го моли да му ја врати керката Хрисеида, која му припаднала како чел од пленот кога ахајците го зазеле градот теба. Мокта ги прави многу самојьубиви. Агамемнон не трпи приговори ни од Ахил, најголемиот грчки јунак. Кога Ахил го убедувал да ја врати Хрисеида, за да престане поморот во грчката војска, тој се согласил, но во замена му .ја одзел робинката Брисеида, сакајки на тој начин да ја изрази својата надмок. Робовладетелската аристократија е многу лакома за богатство. Ограбуваиьето и била основна по буда при бодеиьето на војни:те. Тоа и ги довело под сидиштата на Илион (Троја). Тие не се откажуваат лесно од пленот. Агамемнон кога е принуден да ја врати Хрисеида го Заплашува Ахила:

„Или пак ти да имаш дар, а јас овдека вака лишен да седам, штом мене ми велиш неа да ја вртам? Но, ќе ми доделат дарок Ахајците силни и смели достоен, угледувајќи ми мене што срце ми сака; ако не дадат тие, јас самиот можам да дојдам, твојот дар ил’ од Ајант, ил’ од Одисеј да го земам и да го носам, а тој ќе се лути кај кого ќе дојдам.“

Во битките сите тие се храбри, тоа им е главната одлика. Освен јунаштината е физичката сила, што ги почитувале над се, умееле да ја почитуваат и мудроста на филозофот. Инспирацијата на поетот и ораторството на ораторот. Богатиот живот и слободното време им овозмножиле да се здобијат со естетски вкус и имале осет за убавина и хармонија, кои доаѓале до израз во изгледот на облеката и оружјето што го носеле. Дури и штитот на Ахил, наменет пред се за војување, бил украсен и претставувал уметничко ремек-дело. Ја почитувале поезијата, поетот бил како неопходен украс на секоја гозба и го сметале за избраник на боговите. Претставниците на грчката аристократија Агамемнон, Менелај, Ахил, Диомед, браќата Ајанти, Одисеј и други, биле лѕте со големи лични квалитети.

[уреди] Стилот

Стилот во “Илијада“ е реалистички и испреплетен со фантастика. Хомер со медицинска точност ги опишува местата на раните добиени во битките:

„...А синот Тидеев со раката грабна грамаден камен, што мажи не би могле два да го носат, какви се луѓево сега, а оној и сам г’играл лесно со него г’удрил Ајнеа по бедрото, каде што бутот внатре со колкот се врти, а кој што го викаат чашка. Коската тој му ја скршил и обете жили ги скинал каменот грубо му ја солупил кожата. Јунакот тога падна на колена в прав и со силната рака ја фати земјата, црна пак ноќ му ги покрила обете очи.“

Реалистичкиот принцип предметите и појавите како и личностите да се опишуваат во најситни подробности е присутен во сета епопеја. Пластичноста на описите се одликува со најпрецизна вистинитост. Штитот на Ахил, што го исковал богот Хефест, со литографијата на него, е опишан, во 130 стиха:

„Најпрвин почна штитот тој голем и јак да го прави вешто длабејќи го сегде: наоколу сјаен му ковал триплочен раб, сиот светкав, а на него сребрена рачка. Пет пак на самиот штит биле пластој, а врз него многу мајсторско претставил дела со својата вештина вредна: земјата, морето и небото тој г’изрезал згора, и неуморното сонце и таа Месечина полна уште и ѕвездите сите што небото го накитуваат, тие Плејади, Хијади, и снажниот онај Орион, и уште Мечката згора што Кола ја викаат други што се во местото врти и спроти Ориона гледа“

Освен реалистичките описи се среќаваат и фантастични кога се опишуваат боговите. Боговите има ат мок да се преобразуваат во невидливи, во ликови на друти луге, во птици и растенија. Можеле да ги направат невидливи и лѕфето коишто ги штитат, ако се во опасност. Божицата артемида, кога нејзиниот син ехеј постоела опасност да загине во двобој, таа го обвила во магла и го спасила. Бурата на небото е претставена вака:

„Страшно загрме Зевс од Ида и огнена искра фрли на небото страшно загрме и гром страшен џитна на земјата пред нозете на коњите од Диомед го џитна богот Зевс Страшен се крена пламен што вивна веднаш.“

Денеска цекој знае како се создаваат секавиците на небото и како пагаат громовите. Нс овие реални природни појави Хомер им дал фантастичен опис.

[уреди] Поетскиот јазик

Поетскиот јазик на Хомер е сликовит и богат со оригинални изразни средства. За неговата сликовитост придонесуваат оригиналните епитети: крилатни зборој, копитни коњи, гласовит борец, пресветлиот син, зажарениот петер и други. Особено се впечатливи сложените епитети: брзоног Ахил, коиьокротец Хектор, белолакта Андромаха, сјајпоока Атина, долгокоси тројки, многударовпа жена, мажоморец арес, далекуметна артемида, белоштитен јѕнак и други. Хомеровите компарации најчесто се развиени во слика:

„Хектор се устреми спот ко орел од вишното небо, кога се урнува в поле низ црните облаци долу, или за овчица тој, или плашливо зајаче да зграпчи, така се впушти и Хектор мавтајќи со мечот свој остар.“

Контрастот и антитезата, што се среќаваат многу често, придонесуваат читателот да ги открива најспротивните настроенија на личностите, како во антитезата кога Хектор прашува за Андромаха каде е:

„Ај, кажете ми мене по правина слугинки мои кај пошла од дома зар Андромаха беллолакта сега? Дали до своите золви и јатрви стокмени добро, или до храмот Атенин си отишла, кај што и други многу краснокоси Тројки ја молат божицата страшна. А домажинката вредна му вратила збор и му рекла: Хекторе кога ме прашаш по правина ќе ти кажам нито до своите золви и јатрви стокмени добро нито до храмот Атенин си отиде, кај што и други туку до велјата кула на Илион појде, штом дочу дека Тројанците гинат од силната Ахајска војска.“

Композицијата на “Илијада“ е сосем едноставна, раскажуваињето е спокојно и мирно, а на некои места со драматичност. “Илијада“ содржински е целосно завршено дело. Целото дејствие се движи околу гневот на Ахил и се развива во причинско-последична врска. “Илијада“ на Хомер не ја читаме како соопштение за некој древен мит или историска битка, туку како повест за јунакот и човекат Ахил со чии чувства и гнев, тага и внатрешни судири, можеме да сочувствуваме, иако сме далеку од јуначките разбирщьа што ја определуваат неговата личност. Судбината на Ахил и Хектор, судбината на убавата елена и стариот Пријам се човечки судбини. и покрај херојските димензии на личностите, кораја читаме “Илијада“ се идентификуваме со нив, па и во митот и легендата гледаме еден повисок одраз на животната реалност.

Static Wikipedia 2008 (March - no images)

aa - ab - als - am - an - ang - ar - arc - as - bar - bat_smg - bi - bug - bxr - cho - co - cr - csb - cv - cy - eo - es - et - eu - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - frp - fur - fy - ga - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - jbo - jv - ka - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - ms - mt - mus - my - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nn - -

Static Wikipedia 2007 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -
https://www.classicistranieri.it - https://www.ebooksgratis.com - https://www.gutenbergaustralia.com - https://www.englishwikipedia.com - https://www.wikipediazim.com - https://www.wikisourcezim.com - https://www.projectgutenberg.net - https://www.projectgutenberg.es - https://www.radioascolto.com - https://www.debitoformativo.it - https://www.wikipediaforschools.org - https://www.projectgutenbergzim.com