8 септември
Од Википедија, слободна енциклопедија
8 септември е 251-иот ден во годината според григоријанскиот календар (252-и во престапна година). Остануваат 114 денови до крајот на годината. Шаблон:Септември 2008
Настани:
1331 | Стефан Душан се прогласува себеси за крал на Србија. |
1831 | Вилијам IV беше крунисан за Крал на Велика Британија. |
1940 | На Водно, Скопје, се одржува Покраинската конференција на КПЈ за Македонија. Методија Шаторов - Шарло е избран за секретар на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, а Кочо Рацин е исклучен од партијата. |
1943 | Радио Алжир ја објави капитулацијата на Италија, а малку подоцна премиерот Бодољо им нареди на италијанските вооружени сили да го запрат отпорот против Британците и Американците. |
1943 | Ослободен е Дебар. |
1944 | Ослободени се Пробиштип и Крушево. |
1966 | Беше емитувана „Човечка Стапица“, првата епизода од научо-фантастичните телевизиски серии Ѕвездени Патеки. |
1991 | Во СР Македонија се одржува референдум на кој е донесена одлука за осамостојување од СФР Југославија. |
1992 | Промовирана е првата редовна поштенска марка на Република Македонија. |
Родени:
1474 | Лудовико Ариосто, италијански поет |
1804 | Едуард Морике, германски поет |
1881 | Хари Хилман, американски атлетичар |
1915 | Франк Кади, американски актер |
1937 | Вирна Лиси, италијанска актерка |
1962 | Кристофер Клим, американски новелист |
1972 | Маркус Бабел, германски фудбалер |
1979 | Пинк, американска пејачка |
Починале:
780 | Лео IV, византиски император |
1645 | Џон Коук, англиски политичар |
1949 | Рихард Штраус, германски композитор и диригент |
1977 | Зеро Мостел, американски актер |
1979 | Видое Смилевски - Бато, македонски народен херој |
1981 | Хидеки Јукава, јапонски физичар, добитник на Нобелова награда |
2004 | Франк Томас, американски аниматор |
2006 | Ерк Русел, рагби тренер |
Празници:
* | Ден на независноста на Република Македонија. |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |