Јава
Од Википедија, слободна енциклопедија
-
- Оваа страница се однесува на индонезискиот остров Јава. За друго значење видете Јава (појаснување).
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Јава (127.000 km²), остров во Малајскиот Архипелаг, група Големосундски Острови, во состав на Индонезија. Лежи непосредно јужно од Екваторот, меѓу Јаванското Море на север и Индикот на југ. Во правец исток - запад се протега на околу 1.000 km. На половината од островот се простираат планини со стотина вулкани, од кои 30 активни. Највисок врв е вулканот Семеру со 3.676 m. Многу густо населен остров со околу 125 мил. жители. Поголеми градови: Џакарта, Бандунг, Богор, Јогјакарта, Маланг, Семаранг, Сурабаја, Суракарта. Други големи острови се Суматра, Бали.