Шари Анри Бејл
Од Википедија, слободна енциклопедија
Шари Анри Бејл (Гренобл, 23 јануари 1783 - Париз, 23 март 1842), познат по псевдонимот Стендал, француски писател, основоположник на големата епоха на францускиот реализам. Тој се здоби со големо животно искуство како офицер, чиновник, дипломат и писател за време на реставрацијата во Франција. Негово најпознато дело е романот „Црвено и црно“, во кое се дава хроника и критика на француското општество за време на реставрацијата. Други негови познати дела се „Животот на Хајдн“, „Историјата на сликарството на Италија“, „Рим“ и „Арманса“.