ФА Премиер Лига
Од Википедија, слободна енциклопедија
ФА Премиер Лига | |
---|---|
Спорт | Фудбал |
Основана | 1992 |
Бр. на тимови | 20 |
Актуелен шампион | Манчестер Јунајтед |
Најмногу шампионати | 9, Манчестер Јунајтед |
Официјално веб-место | http://www.premierleague.com |
Поврзани натпреварување | Шампионат |
Премиер Лигата (официјално Барклис Премиер Лига заради спонзорство, надвор од Обединетото Кралство најчесто само Премиер, или ЕПЛ), е англиска професионална лига за фудбалски клубови. Таа е примарната лига во Англија и се наоѓа на врвот на англискиот фудбал. За Премиер Лигата се натпреваруваат 20 клубови, по принципот на промоција и испаѓање заедно со Фудбалската Лига. Сезоните траат од август до мај и секој тим игра по 38 натпревари.
Лигата беше формирана на 20 февруари 1992 како ФА Премиер Лига, првие натпревари од новата лига беа одиграни на 15 август истата година, по одлуката на неколку клубови од Првата Дивизија да се отцепат од Фудбалската Лига со цел да се искористи поволен договор за телевизиски права; Фудбалската Лига беше примарната лига за Англија и Велс од нејзиното формирање во 1888. Одтогаш Премиер Лигата стана најгледаната спортска лига во светот[1] и најисплатливата фудбалска лига, вкупниот приход на клубовите изнесуваше околу £1.4 милијарди фунти во 2005-06, и се очекува да порасне на околу £1.8 милијарди за сезоната 2007-08. Ова најмногу се должи на приходите од телевизиски права, кои постојано се зголемуваат.[2] Лигата е корпорација и сите 20 клубови се поставени како акционери.
Вкупно 40 клубови се натпреварувале во лигата, но само четири ја имаат освоено титулата: Арсенал, Блекбурн, Манчестер Јунајтед, и Челзи . Моменталниот шампион во Премиер Лигата, Манчестер Јунајтед, ја освои својата деветта титула во ова натпреварување во сезоната 2006-07, со што го држи рекордот за најмногу Премиерлигашки титули.
[уреди] Белешки
- ↑ Campbell, Dennis. "United (versus Liverpool) Nations", The Observer, 2002-01-06. Пристапено на 2006-08-08.
- ↑ „Premier League clubs’ profits are set to double“. Deloitte. [Страницата е посетена на 2007-12-18].