Трајко Китанчев
Од Википедија, слободна енциклопедија
Трајко Китанчев | |
општественик и револуционер | |
Роден | 1 септември 1858 Подмочани, денес во Република Македонија |
---|---|
Починал | 13 август 1895 Софија, Бугарија |
Трајко Цветков Китанчев (1 септември 1858 – 13 август 1895) бил македонски општественик, литерат, револуционер, просветен работник. Роден е во преспанското село Подмочани, во кое го започнува основното образование за да подоцна своето образование го продолжи во Цариград, каде што татко му бил на печалба. Овде започнува неговата животна одисеја - пробивањето во туѓи општествени средини.
Подоцна, тој заминува на шлолување во Киевската духовна семинарија, па се запишува на право во Московскиот универзитет, но ги прекинува студиите и оди во Бугарија. Како учител работи во Трново и во Солунската гимназија каде бил отпуштен поради пројавените симпатии кон македонската интелигенција[се бара извор]. Во 1884 година оди во Пловдив, а потоа во Софија. Истата година станува редовен член на Бугарското книжевно друшство. По повод убиството на министерот Белчев бил неправедно затворен на тригодишен затвор што ги издржувал по разни затвори. По излегувањето од затвор, повикан од македонската емиграција земал учество во работата на нивното собрание, при што се залага за создавање на единство помеѓу емиграцијата во Бугарија. Бил близок пријател на Петко Каравелов и Демократската партија и во 1887 година бил избран за пратеник во Народното собрание на Бугарија (IV ОНС, III ВНС, V ОНС и VIII ОНС). Подоцна, во 1895 година е изгласен за претседател на Врховниот македонско-одрински комитет во Софија. Смртта ја прекинува неговата политичка активност. Автор е на повеќе дела : „Марко Крале си ја губи силата“, „ Кон Македонецот“, „Молитва“ и други.
Трајко Китанчев се смета за еден од најбучните врховисти кои ја прифаќаат бугарската политика по однос на самобитноста на македонскиот народ и македонското прашање.
[уреди] Објавени книги
- Китанчев, Т., Сочиненија, Софија, 1892