Таен македонско-одрински кружок во Санкт Петербург
Од Википедија, слободна енциклопедија
Тајниот македонско-одрински кружок (ТМОК) во Санкт Петербург е основан во 1900 год., и негова цел, според Протоколот од првото заседание, била: „Да го помага материјално и морално македонското дело и, според своите можности, да го следи неговиот развиток”. Крсте Петков Мисирков бил член-основач, а во 1902 год., кога по дипломирањето одново се преселил во Санкт Петербург и се подготвувал за постдипломски студии кај проф. Петар Лавров, тој станал и претседател и најактивен член на ТМОК.