Средновековна музика
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Средновековна музика е онаа музика што се создавала во средниот век, под влијание на одредени фактори карактеристични за средновековната уметност воопшто, како што се христијанството, народното творештво и навраќањето на антиката. Во средниот век музиката претежно била со религиозна содржина, во служба на христијанството, но во еден момент во доцниот среден век се појавуваат трубадурите кои почнуваат да создаваат световна музика со мотиви од секојдневието, најчесто љубовни или херојски. Средновековната музика најчесто се изведувала вокално, но во употреба биле и неколку видови на инструменти: харфа, лаута, цитра, флејта, обоа, труба, оргули, ударни исрументи и ѕвона. Световната музика во средниот век е вовед кон световната музика на повисок степен Ренесанса.