Св. Ѓорѓи Кратовски
Од Википедија, слободна енциклопедија
Светиот маченик Георгиј Кратовски, познат и како Георгиј Софиски Нови бил Македонец од градот Кратово. По занает бил златар. Во срцето и со сета душа бил христијанин. На осумнаесет годишна возраст кога Турците сакале да го потурчат останал тврд во верата по што Турците го мачеле со најлути маки и најпосле жив го запалиле. Пострадал на 11 февруари 1515 година во Софија, во времето на царот Селим. Денот на неговата смрт се слави како празник по црковниот календар.
Во 1865 година во село Самунџиево (денеска град Ботевград) е изграден храм во Бугарија во чест на маченикот.