Саркофаг
Од Википедија, слободна енциклопедија
Саркофаг е камена гробница за погребување на кофчег или тело на починат. Зборот σαρκοφαγος (старогрчки саркс = месо; фагос = оној кој што јаде) или „месо-јадец“.
Во 5 век п.н.е. грчкиот историчар Херодот погрешно верувал, дека саркофазите се изработени од посебна врста на камен, која може да го изеде месото од лешот внатре во саркофагот.
Капакот на саркофагот најчесто е во две форми; рамен и двоводен а страниците се исклесани – украсени со релјеф од животот на покојникот или митолошки сцени.
Зборот саркофаг во поново време обично се користи да се опише големата бетонска структура вбризгана околу остатоците на нуклеарната централа Чернобил за изолирање на радиоактивното зрачење кон околината.
[уреди] Видете исто така
- Александарски саркофаг
- Ковчег
- Гробница
- Гроб