Пјер Ронсар
Од Википедија, слободна енциклопедија
Пјер Ронсар (11 септември 1524 - Париз, 27 декември 1585), француски писател од времето на ренесансата, водач на поетската школа „Плејада“, љубител и добар познавач на грчката и на латинската книжевност. Француската поезија ја обнови со богатството на инспирации и со разновидност на поетските облици.