Програмска опрема
Од Википедија, слободна енциклопедија
Програмска опрема или софтвер (англиски: software), односно програмски подсистем на компјутерски систем, е составен од системски, услужни или апликативни програми со инструкции за извршување на одредени задачи изразени на јазик разбирлив за компјутер.
Системски софтвер (англиски: system software) го претставува целокупниот софтвер што е неопходен за работа и поддршка на компјутерскиот систем и исто така ги вклучува оперативните системи и помошните програми.