Петар Мазев
Од Википедија, слободна енциклопедија
Петар Мазев (Кавадарци, 1927 - Скопје, 13 март 1993), македонски кадемски сликар.
Завршил Академија за ликовна уметност во Белград, 1953 година. Бил член на групата „Мугри“. Професор на Архитектонскиот факултет, Скопје.
За Петар Мазев, Македонија е супстракт на силни емоционални доживувања. Во неговиот ликовен систем пластичната традиција на нацијата се пробива во една преносна смисла. Мазев повеќе го возбудува необично суровата, конгресна драматика на географската структура на земјата, здивот на минатото и патината што е втисната во нејзината материја, во старите згради и предмети. Него му е блиско чувството за ефектите на материјата карактеристични за некои дела на тапиес, на бури и на поранешните дела на Берник. Меѓутоа, сегашниот апстрактен натурализам, на Мазев содржи стремеж за воздржување од нагонска експресивност, ускладување на материјалните во строги системи, во рамките на скоро монохрамни слики.
Најновата фаза на Мазев излегува од порано веќе мошне асоцијативната материја на неговите дела и се движи кон необични пластични агломерации.
Самостојно изложувал во Скопје и на голем број групни изложби во земјата и во странство : Бурма, Кина, Индија, Франција, Чиле, Милано, Белград, на изложби во Дижон, Братфорд, Рим, Торино, Нирнберг, Штудгарт, Берлин, Ним, Шел, Париз, Пекинг, Лозана, Мексико Сити, Атина итн.
Изработил и ѕидна слика во Железарницата во Скопје 1967 година, мозаици во Стопанската банка и Државна болница 1971 година, сите во Скопје и Спомен костурница во Велес, 1979 година; карамопластика кај споменикот на Илинден, Крушево, 1974 година.
Добитник е на Октомвриска награда за сликарство 1960 год., Ноемвриска награда на град Скопје 1977 година и други.