Отворање на градска кафеана во Битола
Од Википедија, слободна енциклопедија
Филм од 1912 година, во времетрање од 2 минути.
Филмот е снимен во стандард техника, без звук, во црно бела техника и 35мм.
Целиот материјал е снимен со статична камера од еден агол и може да се каже, во една секвенца. Меѓутоа, поради скокови во дејствието предизвикани од прекинот на снимањето, како и поради промената на луѓето кои се во кадарот, материјалот го поделивме на 6 кадри.
За цело време снимени се надворешни скалила по кои слегуваат гости на кафеаната. Најпрвин по скалилата слегува група жени со деца. Жените се облечени во градска облека, на рацете имаат муф, а на главите шапки украсени со пердуви. Потоа следуваат група српски офицери; господа со полуцилиндри; свештено лице; маж со фес и двајца српски офицери. За цело време се гледаат двајца убаво облечени мажи, кои ги пречекуваат (или испраќаат) гостите, едниот е горе на скалта, а другиот долу, во нејзиното подножје. Со последниот гостин слегува и човекот што ги пречекуваше горе, на почетокот на скалилата.
Сниматели и режија: Јанаки и Милтон Манаки.