Никола Мартиноски
Од Википедија, слободна енциклопедија
Никола Мартиноски (Крушево, 15 август 1903 - Скопје, 1973), македонски ликовен уметник, педагог и академик, име кое четири децении беше едно од најдобрите репрезенти на македонската уметност пред светот.
Завршил школа за убави уметности во Букурешт 1927 год. Во Париз (1927-1928) ги посетувал Academie de la Grande Chaumiere и Academi Ranson (професорите Ж. Бисиер, Кислинг, де Ла Пателјер).
Неговите уметнички дела се наоѓаат во колекциите на повеќе музеи и галерии, како и во голем број приватни колекции во земјата и во странство.
Бил член на предвоена белградска група "Облик", директор и професор на Училиштето за применета уметност, директор на Уметничката галерија во Скопје, член а МАНУ и др. Имал повеќе самостојни изложби пред и по војната (прва во 1929) во Скопје, Белград, Загреб, Љубљана, Париз, Дижон и др. места. Групно излагал (од 1927) во многу европски земји и во земјата со слики, цртежи и графики (на графичките и цртачките биеналиња во Лугано, Риека), на изложбата "Уметноста на тлото на Југославија", Париз 1971 и т. н. Пред војната изработил неколку мурали во Скопје.