Никола Груевски
Од Википедија, слободна енциклопедија
Никола Груевски (роден на 31 август 1970 во Скопје) е премиер на Република Македонија и претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Никола Груевски дипломира на Економскиот факултет при битолскиот универзитет „Климент Охридски” во 1994. Станува гувернер на Република Македонија во Светската банка и во Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), а по победата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори во 1998 година влегува во владата на Љубчо Георгиевски. На почетокот е министер без ресор, потоа министер за трговија, а од декември 1999 станува министер за финансии. На таа функција останува до септември 2002. Во тој период, Груевски е претседател и на Државната комисија за вредносни хартии (2000-2002) и претседател на брокерската асоцијација на Република Македонија.
На конгресот на ВМРО-ДПМНЕ што се одржа по нејзиниот пораз на парламентарните избори во 2002 година, во Охрид во мај 2003 година, Љубчо Георгиевски се повлекува од функцијата претседател на партијата, а на негово место е избран Груевски, кој дотогаш беше потпретседател на партијата.
Од 2002 до 2006 година беше пратеник во македонското Собрание, а по победата на неговата партија на парламентарните избори во 2006 година, Груевски е избран за премиер на Република Македонија.
Во 2006 година ја одбрани магистерската теза на тема „Странските директни инвестиции, економскиот развој и вработеноста“ на Економскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје. Покрај ова, има и диплома од лондонскиот Институт за вредносни хартии.
Женет е, и е татко на едно дете - ќерка.
Претходник: Владо Бучковски |
Премиер на Република Македонија 2006- |
Наследник: нема |
Премиери на Република Македонија | |
Никола Кљусев | Бранко Црвенковски | Љубчо Георгиевски | Бранко Црвенковски | Радмила Шекеринска (вршител) | Хари Костов | Радмила Шекеринска (вршител) | Владо Бучковски | Никола Груевски |