Мокрински извори
Од Википедија, слободна енциклопедија
Мокрински извори Од трите Мокрински извори кои се лоцирани во близината на Струмичкото село - Мокрино, истекуваат 40 литри вода во секунда. Температурата на водата е секогаш иста, без оглед каква е надвор температурата. Потокот што потекува од изворот никогаш не замрзнал. Ова се должи веројатно на големата длабочина на изворот и силината на водата. Се мисли дури дека тој е поврзан со Дојранското езеро. Но никој никогаш тоа не ги испитал. Поради количеството и силината на овие води, на времето околу нив имало многу воденици.