Маќеа (ТВ серија)
Од Википедија, слободна енциклопедија
Маќеа | |
---|---|
Жанр | драма, теленовела |
Создадено од | Артуро Моја Грау |
Улоги | Викторија Руфо Цезар Евора Жаклин Андер Сабин Моусиер Рене Касадос |
Најавна песна | "Vivime" , Лаура Паусини |
Земја на потекло | Мексико |
Јазик | Шпански |
Број на епизоди | 120 |
Продукција | |
Извршни продуценти | Салвадор Мехија Алехандро |
Локација | Мексико Сити Хочимилко Аруба |
Време на емитување | 45 минути |
Емитување |
|
Канал на емитување | Канал2 |
Original airing | 7 фебруари 2005 |
Хронологија | |
Следена од | Невината сопруга (2005) |
Надворешни врски | |
Официјална страница | |
Страница на IMDb |
Маќеа (шпански: La Madrastra) е една од најновите продукции на телевизиската куќа Телевиса. Серијата во Мексико започна со прикажување во почетокот на 2005 година.. Воедно оваа теленовела беше наменета за 50 години од мексиканската продукција Телевиса. Насловната нумера ја испеа италијанската пејачка Лаура Паусини. Оваа теленовела кај нас се прикажуваше на Сител Телевизија.
Содржина |
[уреди] Синопсис
Кој ја убил Патрисија? Ова е прашањето на кое Марија себеси си го поставувала додека ја служела доживотната казна во затворот во Аруба, неправдено оптужена дека таа ја убила Патрисија. Група блиски пријатели пред 20 години отпатувале на крстарење каде е и било убиството на Патрисија, една од нивните пријателки. Марија била неправдено оптужена и осудена на доживотна казна. Ја напуштаат сите, па дури и нејзиниот сопруг Естеба, кој не верува дека таа е невина. Естеван им кажува на нивните тогаш мали деца дека нивната мајка е мртва. Сега кога Естебан е на прагот да се ожени повторно неговите деца не му допуштаат, бидејќи не сакаат да имаат маќеа никоја друга која би можела да го преземе местото на нивната мајка. После 20 години поради примерно однесување Марија ја пуштаат од затвор. Таа тогаш одлучува да се врати во Мексико, и да си ги поврати своите деца Хектор и Естрела и да го пронајде вистинскиот убиец на Патрисија. Чекајќи ја тешки денови, децата која не ја препознаваат, сопругот кој е нељубезен спрема неа, групата осомничени пријатели кои не сакаат да ја знаат вистинската вистина за убиството на Патрисија и покрај се Леонел, синот на Патрисија кој се заљубува во Марија. Осомничени се: злобната Алба и добродушната Кармела, две сестри, воедно и тетки на Естебан, потоа брачниот пар Деметрио и Даниела, уште еден брачен пар, Фабиола и Бруно, и осамениот Сервандо.и самиот Естен е еден од осомничените. Но, кој е вистинскиот убиец. Кој пред 20 години ја убил Патрисија, и допуштил Марија да остане невина во затвор? Марија ги вика сите осомни4ени во викенди4ката бидејки го навага дневникот на патриција и ги дознава сите тајни на нејзините бивси пријатели а исто така дознава и дека Патриција ги уценувала сите дека ке ги открие тајните. Но еден дел од дневникот е ис4езнат и марија верува дека тој дел гоима убиецот. Таапак се мази за Естебан затоа сто сака да си ги поврати децата кои ја мразат. На крајот сите тајни се дознаваат а исто така се дознава и кој е убиецот. Убиецот е ......................... (откријте сами)
[уреди] Улоги
Глумци | Ликови |
---|---|
Викторија Руфо | Марија |
Цезар Евора | Естебан |
Жаклин Андер | Алба |
Сабин Моусиер | Фабиола |
Марта Хулија | Ана Роса |
Рене Касадос | Бруно |
Маурицио Аспе | Хектор |
Ана Лајевска | Естрела |
Маргарита Исабел | Кармела |
Гиљермо Гарсија Канту | Деметрио |
[уреди] Маќеа на Балканот
Македонија: Сител Телевизија
Србија: Пинк Телевизија
Босна и Херцеговина: Пинк БХ
Хрватска: НоваТВ
Словенија: ПОП ТВ
Бугарија: ТВ7
Црна Гора: Пинк М