Коста Абрашевиќ
Од Википедија, слободна енциклопедија
Коста Абраш (Абрашевиќ) (Охрид, 29 мај 1879 - Шабац, 20 јануари 1898), е македонски и српски пролетерски поет, по убедување социјалист, автор на само една постхумно објавена книга социјална лирика („Песни“, 1903). Се вбројува во групата на дводомни писатели, бидејќи пишувал на српски јазик.
Абрашевиќ книжевната историја го евидентира како еден од предвесниците на литературниот правец што вообичаено се именува како социјална литература.
Абрашевиќ го започнува своето школување во Охрид. По преселувањето на неговото семејство во Шабац, го продолжува образованието таму. Мошне млад почнува да пишува песни, љубовни и патриотски. Во 1894 година се запознава со социјалистичките идеи на кои им останува приврзан до крајот на својот краток живот.
Како спомен на него, неговите другари социјалисти во 1905 година во Белград формираат прво работничко културно-просветно друштво „Абрашевиќ“.