Киану Ривс
Од Википедија, слободна енциклопедија
Киану Ривс | |
Ривс на премиерата на филмот Езерската куќа, 2006 |
|
Родено име | Киану Чарлс Ривс |
Роден(а) | 2 септември 1964 |
Активен(а) | 1985—сѐ уште |
Киану Чарлс Ривс (англиски: Keanu Charles Reeves) (роден на 2 септември 1964) е американско-канадски глумец. Тој е најдобро познат по улогата на Нео во акциониот филм-трилогија, Матрикс и како Тед Логан во Одличната авантура на Бил и Тед и Лажното патување на Бил и Тед.
Други позабележителни улоги е онаа на Скот Фавор во драмата Мојот личен Ајдахо заедно со глумецот Ривер Феникс; како Џони Мнемоник во научно-фантастичниот филм Џони Мнемоник заедно со Долф Лундгрен; како Кевин Ломакс во натприродниот трилер Адвокатот на ѓаволот наспроти Ал Пачино; и улоги во филмовите Брзина и Константин. Тој е и музичар и има свирено во гранџ рок бендот Dogstar за време на 90-те, а од неодамна и во бендот Беки. Според анкета од 2006, тој е вклучен меѓу „Десетте најомилени американски ѕвезди“. На 31 јануари 2005, Ривс доби ѕвезда на Булеварот на славните.
[уреди] Надворешни врски
- Киану Ривс - filmski.net (хрватски)
- Киану Ривс фан страница (англиски)
- Киану Ривс фан страница (англиски)