Кемал Сејфула
Од Википедија, слободна енциклопедија
Кемал Сејфула е македонски политичар, Турчин по националност, учесник во НОБ. Бил занаетчија. Во 1941 година учествува во Првиот скопски партизански одред. Во август 1944 година учествува на Првото заседание на АСНОМ. По војната врши повеќе функции, меѓу кои и е потпретседател на Извршниот совет на СР Македонија.
Во 1953 година, кога Милован Ѓилас излегува со свои предлози за демократизација на југословенскиот комунистички поредок, Кемал Сејфула во рамките на Македонија најмногу застанува зад неговите ставови. Сепак, по осудата на Ѓилас, Сејфула ретерира од поддршката на Ѓиласовите ставови.