Ирски јазик
Од Википедија, слободна енциклопедија
Ирски јазик Gaeilge |
|
---|---|
Се зборува во: | Ирска (републиката и северна), Австралија, Канада, Велика Британија, САД. |
Вкупен број на говорници: | 500.000 - 1,5 милиони |
Рангиран на: | По 100-та позиција |
Класификација: | Индоевропски Келтски |
Писмо: | латиница |
Официјална положба | |
Официјален јазик: | Ирска, Северна Ирска (од 23 мај 1998), Европска Унија (од 1 јануари 2007) |
Контролиран од: | Foras na Gaeilge |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | ga |
ISO 639-2 | gle |
SIL | gle |
Ирскиот јазик (ирски: Gaeilge) е келтски јазик зборуван во Република Ирска, Северна Ирска, Австралија, Канада и САД. Тој е уставно признат за прв официјален јазик во Република Ирска. На 13 јуни, 2005, министрите за надворешни работи на Европската Унија едноогласно одлучија ирскиот јазик да биде официјален во рамките на ЕУ.