Web Analytics

See also ebooksgratis.com: no banners, no cookies, totally FREE.

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Здуње (Порече) - Википедија

Здуње (Порече)

Од Википедија, слободна енциклопедија

Координати: 41°48′35″N, 21°9′39″E


Здуње е село во Општина Македонски Брод, според законот за територијална поделба на Република Македонија од 2005 година.

Села во Република Македонија
Здуње (Република Македонија)
Здуње
Здуње
Општина: Општина Македонски Брод
Население: 13 жители
Поштенски број:  
Повикувачки број:  
Надморска височина: 593 м
Географска широчина: 41°48'34 С
Географска должина: 21°9'38 И
Веб-место: нема

Содржина

[уреди] Географиja и местоположба

Селото Здуње (593m надморска височина) се наоѓа во средниот дел на долината на река Треска во северниот дел на областа Порече на висока карпеста подлога која се надвиснува на околу 100 метри над левиот брег на реката во месноста “Наздув„, која терасесто се спушта на југ кон Здунско поле.

Од западната страна се протега масивот на Сува Гора со највисоката точка Голина (1546 м), а над селото е ридот “Теме“ со врвот „Ќуле“ (658 м). На североисточната периферија се издига ридот Градец (545 м), а од источната страна Космотов рид и Белково. Од северната и јужна страна е отворен простор.

[уреди] Сообраќајна комуникација

Покрај селото Здуње на десниот брег на Треска поминува патната комуникација М.Брод-Здуње која под ридот Градец се дели на три делници. Едната делница се искачува угоре по долината на планинската рекичка Оча и преку Капина и преслапот Кула избива кај селото Нова Брезница и по Патишка река кон Скопско. Вториот крак од овој патен правец продолжува по клисурата на Треска и преку подножјето на планината Осој (Ивање) оди преку Матка за Скопје. Од оваа делница еден пат преку ридот Брикул (Лукојца) излегува во Полог кај селото Групчин. Третата делница преку мостот на треска се враќа кон селото Здуње и преку Мачин дол–Горна Круша се искачува на ридот Голина (1546 м) и преку Сува Гора се спушта во Полог кај селото Блаце. Од селото Здуње планински пат води над селото Близанско преку планината Фојник кон селата на Горно Порече.


[уреди] Хидрографски и почвени услови

Самиот топоним “Наздуф“ јасно зборува дека селото Здуње е изложено на северни ветрови. Климата се одликува со жешки лета и со умерени, но магловити зими. По текот на Треска се чувствува влијанието на климата од Егејот. Покрај селото Здуње тече реката Треска. На оддалеченост од 600 метри североисточно од Здуње, во јужното подножје на ридот Градец во Треска се влива реката Оча. Горе во селото нема вода за пиење и задоволување на домашните потреби. Населението со вода се снабдува од два извора. Првиот извор е “Шаркоски извор“ и се наоѓа на левиот брег на Треска на 300 метри источно од маалото Шарковци. Вториот извор се наоѓа во месноста “Воденица“ во меѓуречието на Оча и Треска. Во атарот на село Здуње во месноста “Манастириште“ се наоѓа изворот на Здунска вода, а исто така на 1,5 км северно од селото во месноста “Еѓуптина“ на левиот брег на Треска има извор на вода. Обработливите површини се лоцирани покрај реките Треска и Оча, на јужната периферија на селото е Здунско поле, потоа во месноста “Даброец„ и по благите падини на околните ридови.

Денес селото Здуње е потопено со вештачката акумулација Козјак.

[уреди] Историja

Во историските документи селото Здуње за прв пат се среќава во правните документи – грамоти од бугарскиот цар Константин Тих Асен и од српскиот крал Милутин. Константиновата грамота датира од 1258 година, а е издадена за манастирот Св. Георг Горг Скопски во која се потврдуваат и прошируваат имотите од претходните владетели подарени на манастирот. ... “Селото Здуње во гората со заселците Близненско, Мокросеки, Големи Под со Поповјани, со виногради, ниви, воденици, зимовишта, летовишта, со планини и со ловиште ѕверно и рибно и со забели и со права и привилегии на тие села“... Во одредбите на грамотата се вели и : “Селата Здуње, Сушица, Градечница, Брод со Сланско и со Барбарас и Крапа се парички и не се даваат во мираз и не се оттуѓуваат и се ослободуваат од надлежностите на локалниот епископ и се ослободени од плаќање ексаршина„. Во Милутиновата грамота од 1300 година во целост се потврдуваат и прошируваат имотите на манастирот св. Георг Горг Скопски. Во членовите 37 и 38 се вели дека на селото Здуње му се одзема селото Градечница, но како против вредност му се подарува посебен метох Света Недела и се проширува синорот на село Здуње, дури до Калуѓерец –Калуѓерец жировиште Св. Ѓорѓија и до рибникот во с.Белица.


[уреди] Топонимија

Топонимите или називите на месностите во атарот на село Здуње како и во околината на самото село се од словенско потекло. Топонимите во зависност од коренот на своето потекло можеме да ги поделиме на неколку видови.

[уреди] Патроними

Патронимите се називи на места кои го добиле своето име по лични имиња, односно личности кои ги поседувале тие места или пак подолго време престојувале, живееле во тие места. Името Оча (се мисли на реката) преставува изведенка од личните имиња: Оливер, Јован или Вангел и за прв пат се појавува во 14 век. Во долината на река Оча постои месност Коломот што е двосложенка од личното име Колон кое се јавува во 15 век и зборот “мост“ што би значело Колонов мост за премин преку Оча, но со текот на времето го добило сегашното име. Северно од село Здуње се издига малиот рид Куклојца, а името на овој рид потекнува од личното име Куко + ло и се јавува во 14 век. Во западното подножје на Куклојца на десниот брег на реката Треска се простира месноста Бојќевци кој назив е двосложенка, а првата компонента е Бојо или Бојко и датира од 14 век. На оддалеченост од 3,5 км јужно од Здуње се наоѓа месноста Цуцул кој назив е двосложенка од личното име Цуце(е)+ул и потекнува од 16 век. Во атарот на село Здуње други називи на месности кои се добиени по лични имиња се следниве: Певци, Белково, Деспотов рид, Ѓуролоква, Драганов дол, Кочолоква, Кочов рид, Дојчино трло, Ѓурчолоква, Ѓуроска нива, Петреа нива, Иванче, Живкој рупи, Стојоа шија, Атанасица, Цегарев камен, Еѓуптина, Тодоропевче, Парасов дол, Митронивиче, Булуноец, Стојмиркино нивче, Брајанова нива, Бојо трло.

[уреди] Хидроними

Хидронимите се имиња на месности кои означуваат дека во тие места има вода. Во атарот на село Здуње хидроними се следниве топоними: Здунска вода, Бунари, Кочолоква, Ѓуролоква, Ѓурчолоква, Чешма, Извор, Вирој.

[уреди] Фитоними

Фитоними се имиња на месности кои водат потекло по растенија, односно од билниот свет. Како што се: Горна Круша, Дрен, Лозје, Смрека, Пикиски лозје, Смоквино ѓубре, Папрадница, Капина, Боров дол, Церов дол, Ливади, Липојца, Кофилница.

[уреди] Зооними

Зооними се називи кои потекнуваат од животинскиот свет и тоа се следните: Мачин дол, Лисец, Јареница, Козарник, Шиљегарник, Гоедин дол, Пупунец, Грличица, Јастребец, Соколица и Оролака.

[уреди] Имиња на места по светци, манастири, цркви, свештени лица или култни места

Во атарот на село Здуње постојат месности кои јасно укажуваат дека во тие места се наоѓале сакрални објекти, култни места или пак престојувале свештени лица или се лоцирани гробишта. Такви топоними се: Манастириште, Мала црква, Црква, Црквени дол, Црквени шии, Црквиште, Света Недела и Поповјани.

[уреди] Имиња на места по населби и објекти

Имиња на месности во кои во минатото се наоѓале населби или градби се: Градец, Подградец, Старо село, Племниште, Стар мос, Мост, Воденица.

[уреди] Места во кои се одвивала некоја дејност

Имиња на места во кои се одвивала некаква стопанска активност се: Пералиште, Слај Брот, Навијалка, Гумниште, Гуменешник.

[уреди] Имиња на места по составот на почвата и конфигурацијата на теренот

Во атарот на село Здуње имиња на месности кои водат потекло по составот на почвата и конфигурацијата на теренот се: Лоишта, Пореди, Подец, Голем Осој, Присој, Големо Подиште, Голема Пеш, Гноиште, Парожник, Песка, Беленица, Теме, Ќуле, Длабоки дол, Широки дол, Јара Чука, Веља Преслоп, Кршени камења, Крастаец, Гарушица, Лутоец, Лутешница, Долно Црнато, Горно Црнато, Мала Чука, Голема Чука, Пустош, Подиште, Засечиште, Бигор, Криви дол, Бигринец, Влак Суварец, Грлце, Клин, Меѓугребен, Тапани, Добри дол, Црн врв, Лом, Требеници, Наздуф, Голема нива, Јалојдолци, Садојца, Огради, Космотов рид, Голина, Босна лака, Шоко лака, Поле, Штрбина, Солишта, Мелца, Плештеец.

[уреди] Топоними од митолошко потекло

Топоним од митолошко потекло е Вражја воденица, додека називи на места на кои не може јасно да се одреди нивното значење се: Потпетрушка и Глобарница.

[уреди] Население

Населението во село Здуње е распоредено во неколку маала: Шарковци, Грубановци, Белчевци и Мечкаровци. Сите жители се по националност Македонци од средновековното племе Брсјаци. На сите маала односно на сите куќи во селото домашни слави им се: Петровден и Воведение Богородичино (Пречиста). Празникот Петровден кој е на 12.07 секогаш паѓа во Недела не менувајќи го денот и датумот и е без кана. Петровден воедно е и црковна слава на црквата Св. Петар и Павле во село Здуње. Празникот Пречиста 04. 12 е со кана и се слави и втората вечер на самиот ден. Маалото Шарковци е лоцирано на југозападниот крај на селото кон селската црква на мала оддалеченост од останатите маала. Во ова маало околу 1800 година се населува фамилијата на Богдан од селото Горно Фалише, денес опустошено село кое било лоцирано во атарот на селото Стенче во Полог. Богдан со своите четири сина: Јован, Костадин, Ване, Јанкула поради големите зулуми што му ги направиле Турците бил принудуван да се исели од селото Горно Фалише и се населил во селото Букурци во долината на реката Треска кое исто така денес е опустошено село а се наоѓало во месноста “гургуровски лаки“. Меѓутоа и во селото Букурци Богдановото семејство не се задржало многу долго поради номадскиот начин на сточарење и се населува во село Црешнево, Порече, а од таму конечно се населува во селото Здуње каде и останува да живее во маалото Шарковци. Затоа се вели дека и потеклото на сите жители од Здуње кои се од маалото Шарковци се лица кои се сточари. Маалото Грубановци како најголемо маало е лоцирано на 200 метри северно од Шарковци и со другите маала прави една целина. Името на ова маало потекнува од личното име Гроубан кое се јавува во 15 век. Од ова маало голем број на фамилии се населиле во соседното село Близанско. Маалото Грубановци е составено од следниве родови: Милевци, Анѓелковци, Атанасовци, Таневци, Гуровци, Симјановци, Анаќиовци и Змејковци. Маалото Белчевци го зазема централниот дел од селото и води потекло од личното име Бел кое се јавува во 14 век. Маалото Белчевци го сочинуваат следниве фамилии: Лазаровци, Блажевци, Здравевци, Тримчевци и Миленковци. Маалото Мечкаровци го зафаќа источниот дел од селото и терасесто се спушта кон југ према полето. Името потекнува од личното име Меч(о) кое се јавува во 15 век.

Бројност на населението во село Здуње


Во прегледот на населението за Битолскиот санџак за 1897 година селото Здуње брои 34 куќи со 287 жители. Во пописот извршен од српските власти во 1914 година Здуње брои 295 жители.

   година       Број на домаќинства      Број на жители
    1948                      70                  474
    1953                      77                  522
    1961                      84                  533
    1971                      72                  352
    1981                      22                   88
    1998                       14                   20

Денес во селото Здуње живеат само 13 жители во поодминати години.

[уреди] Миграција

Процесот на миграција од селото Здуње во рамките на државата започнува набргу по ослободувањето, а кулминација достигнува во периодот 1970-1980 година кога најголем број на домаќинства го напуштаат селото за подобар живот. Како основни причини за миграцијата се економските побуди, но ако ги анализираме факторите кои доведоа до ваква состојба ќе констатираме дека најголем удел има погрешната политика на народната власт во областа на аграрот. Имено најпрво е забранета за сообраќај патната комуникација Здуње-Капина-Кула-Брезница-Скопје, а со тоа ова село е ставено во една изолација од останатиот свет, а се поради тесните интереси на поединци од врвната власт. Со законот за забрана за чување и одгледување на козите од 1950 година беше нанесен тежок удар на сточарството, а посебно козарството, а со тоа и на развојот на селата во Македонија. Овој пасивен крај поседува идеални услови за развој на оваа гранка на сточарството. Потоа со укинувањето на работите од областа на шумарството, односно со престанок на работата на фабриката за терпентин и калофон “Капина“ лоцирана во истоимената месност во атарот на село Здуње своја егзистенција загубија поголем број на семејства. Имено според пописот извршен во 1953 година од Здуње во областа на шумарството на работа во фабриката или на “белење“ на бор работеле само 23 работника. Со прогласувањето на ловниот резерват “Јасен“ големи земјишни површини, обработливи земјишта и планински пасишта без насилно одземени, а со тоа смалени приходите на земјоделските задруги. Врв на сите овие маки на селаните беа катастрофалните поплави од ноември 1962 година кога најплодните ораници, ливади, овоштарници покрај Треска беа исполнети со песок и чакал. Сепак ако погледнеме и од друг агол ќе се констатира дека и немањето на здравствена амбуланта за давање на елементарна здравствена заштита на населението, немањето на училиште за продолжување на образованието на децата, патни врски и вода во селото, се причини поради кои се забрзала и миграцијата во овој крај . Населението од село Здуње главно се иселува во селата на соседните котлини: Пелагонија, Полог, Скопската котлина, мал број во Тиквешијата, а поединечни семејства во градовите во рамките на бившата СФРЈ како и во странство.

[уреди] Образование

За прв пат основно училиште на народен јазик во село Здуње е отворено во 1908 година. Училиштето било сместено во приватна куќа во маалото Мечкаровци која денес не постои. Во учебната 1930/31 година е отворена сегашната зграда на основното училиште (четири годишно)Св. Кирил и Методиј. Денес оваа зграда како и сите куќи во селото Здуње се потопени со вештачката акумулација на езерото Козјак

[уреди] Администрација и политика

[уреди] Културни и природни знаменитости

Цуцул, римска и средновековна населба

На оддалеченост од 3,5 км јужно од селото Здуње на левиот брег на реката Треска на просторот околу осамената карпа „каменот Цуцул„ и западно од него до Голема Пеш егзистирала мала римска и рано средновековна населба. Како површински наоди се среќаваат монети од 4 век, фрагменти од римска керамика и урнатини од средновековната населба и населбинска керамика, алатки и орудија за работа. Во непосредна близина западно од населбата е лоцирана покрај голем број на мали пештери и големата пештера Голема Пеш која импонира со своите димензии. Јужно од Голема Пеш на патот за село Требовле се надвиснува една голема карпа која се вика “Невестински камен“. Според традицијата кога некоја девојка од селата на Горно Порече се мажела во селото Здуње на денот на свадбата сватовите застанувале пред каменот, а невестата фрлала пари со тоа го плаќала натамошниот живот во атарот на Здуње. Западно од Цуцул се наоѓа месноста Манастириште каде се наоѓаат изворите на “Здунска вода“. Самиот назив укажува дека во оваа месност се наоѓал манастир кој до ден денес не е убициран. Селото Здуње првобитно се наоѓало на оддалеченост од 1,6 км јужно од денешното во месностите Атанасица и Мала црква на западните падини во близина на црквата Св. Петар и Павле. За премин преку реката Треска бил изграден мост, а како база послужила самородна карпа. Причините за запустувувањето на селото не се познати.

Тврдината Градец

На североисточната периферија на оддалеченост од 600 метри од селото Здуње над составот на реките Треска и Оча се издига ридот Градец (545 м). На северозападните падини на Градец во 4 век од нашата ера била подигната крајпатна рудничка крепосттврдина која била регионален центар во северниот дел на [Порече]. Во преданието за ова доцноантичко гратче се зборува дека живеела некоја локална владетелка, а нејзиниот дворец се наоѓал на самиот врв од ридот. Во неделните утра кога одела на молитва во градската црква која се наоѓала надвор од одбрамбените ѕидини на тврдината во месноста Градиште таа се спуштала до платно и по истата патека се враќала во тврдината. Просторот почнувајќи од самиот врв по широкиот гребен кон запад е обиколен со ѕид во малтерна техника, а главниот влез се наоѓал на северозападното чело фланкиран со одбрамбена кула. Тврдината има издолжена форма со димензии 195 х 45 м или вкупно зафаќа површина од 0,6 ха. Во горниот дел на тврдината видливи се контури на простории, а во средишниот дел се наоѓаат урнатини од поголема градба. По површината што ја опфаќа одбранбениот ѕид има интензивен културен хоризонт. Се среќаваат многу бројни парчиња од топено железо и од аморфно олово како полупроизвод, железни алатки за разна намена-црепни, парчиња на грнчарија и покривни керамиди. Како површински наоди се констатирани голем број на монети од 4 век и 6 век и византиски скифати и метални украси. Од железните предмети ги потенцираме украсите за појас – ѕвездестите аплики, потпирачи за појасен колан од тн. “пропелер“ тип, аплики во облик на пеперутка, окови за ремени со кукести гајки, ѕвонци, прапорци, шила за перфорација на кожа, алатки за обработка на керамика и друго. Од бронзените предмети привлекуваат внимание три средновековни прстени со плочеста глава со изгравирани ѕвездести орнаменти. Тврдината Градец била регионално средиште кое егзистира од доцната антика па се до средниот век, како рударски и стратегиски центар во овој дел на Порече. Во гратчето се обработувала железна руда, а веројатно и оловна руда која била носена од рудните лежишта што се наоѓаат во планинските пазуви југоисточно од Градец. Чистењето на рудата се извршувало на реката Оча во северното подножје на градчето. Топењето и примитивната обработка на железото се вршело во печките лоцирани во месноста “Присој“ во долината на реката Оча, а понатамошната обработка била во работилниците во тврдината. Стратешката функција била да ја брани главната комуникација М.Брод-Здуње-Капина-Кула-Скопје од непријателски упади во областа. Во месноста Градиште источно од селото Здуње се наоѓала отворена доцно-античка и средновековна населба во која има мало изворче за вода и веројатно тука се наоѓала и црквата на гратчето. Во јужното подножје на Градец во месноста Подградец во рамките на заштитните археолошки истражувања во 1986 година беше откриена некропола која датира од 5 век наша ера во која беа најдени како гробни прилози две обетки. Сребрената обетка е изработена во техника на лиење како дело на локална работилница, а бронзената обетка е во проста форма со кружен пресек на краевите кои се допираат. Археолошките предмети од извршените дополнителни археолошки истражувања во текот на 1998 година се во фаза на обработка и конзервација. Во долината на река Оча при овие истражувања е откриена средновековна некропола која при обработката на нивите е во целост уништена со исклучок на една гробна конструкција во облик на циста.

Куклојца, доцноантичка и средновековна населба

Западно од Градец се издига помал рид Куклојца каде има лежишта на бигор кој е користен при градба на објекти во селото Здуње. На заравметото плато на Куклојца има урнатини на објекти и средновековна населбинска керамика. На овој простор била лоцирана мала населба која претставувала стражарски пункт за контрола на патните правци. Од овој рид се овозможува извонреден видик на сите страни и возможна визуелна комуникација со тврдината Градец, во случај на непријателски упади благовремено да се превземаат заштитни мерки.

Потпетрушка – Здуње испосничка ќелија

На западниот раб од ридот Куклојца по целата западна должина се наоѓаат поголем број на непристапни пештери над десниот брег на река Треска. Во една од пештерите на влезот се наоѓа ѕид во малтерна техника, а внатре една просторија во која живееле монаси – калуѓери кои припаѓале на црквата Св. Недела која се наоѓа на 1 км северно од оваа пештера.

Бојќевци, средновековна населба со некропола

На 2,6 км североисточно од село Здуње покрај десниот брег на река Треска се простира месноста Бојќевци во која се наоѓаат обработливи површини. Во североисточниот крај на нивата на Анѓеле Павлески во 1986 година беше откриена една мала гробишна црква со гробови околу неа. Црквата е градена од кршен камен поврзан со кал со под од камени плочи. Гробовите се датирани од 14-16 век кои припаѓале на малата сточарска населба Бојќевци. Непосредно до некрополата на нејзината источна страна се наоѓаат урнатини на објекти, а оваа месност се вика Поповјани каде живееле манастирски луѓе, црковни великодостојници.

Засечишта, средновековна населба

На 1 км. Источно од Бојќевци на надморска висина од 750 метри било лоцирано средновековното селце Сечен Камен кое припаѓало на манастирот Св. Андреја на реката Треска. На заравметото плато во местото “Засечишта“ се распознаваат темели од некогашната населба која егзистирала тука.

Старо Село, средновековна населба со некропола

Месноста Старо Село се наоѓа на 4 км. Северно од Здуње на десниот брег на реката Треска. Во нивата на Никодин Јанески во југоисточниот крај е лоцирана рано средновековна некропола. При обработка, односно проширување на нивата со копачење сопственикот има откопано неколку гробни конструкции со прилози. По кажување на селаните како наоди се појавуваат еден средновековен бронзен прстен со шестокрака звезда и една троребреста железна алатка. Источно од Старо Село се наоѓа месноста Соколица што преставува еден длабок дол со серпентини, а на северните падини на гребенот во карпите има дупки во кои во минатото гнезда свивале белите орли мршојадци. Високо над карпите од длабокиот дол во дабова шума се наоша извор на лековита вода. На овој извор доаѓаат луѓе од разни места да побараат спас за својата мака, а коко благодарност фрлаат пари и оставаат делови од облеката околу изворот. Раносредновековната некропола во Старо Село и припаѓа на мала сточарска населба која била лоцирана северно од гробиштата, а веројатно тука била средновековната населба Соколовец.

Црквата Света Недела

Лоцирана е под висока карпа во близина на Липоечки дол во денешната месност Оролака. Црквата е еднокорабна градба без купола со припратата на западната страна. Градена е од гранитни блогови во малтерна техника. Подот на црквата е од убаво обработени гранитни плочи. Во припратата и во црквата по целата должина во долните зони на ѕидовите се изработени камени седишта за верниците. Денес црквата се наоѓа во урнатини и недостасува олтарниот простор кој веројатно е уништен при поплавите на реката треска. Црквата Св. Наедела ја подигнал византискиот цар Роман III Аргир (1028-1034) и поседува живопис од земјени бои од времето на градењето на црквата. Фреско-живописот е од земјени бои во техника “ал фреско“. Над влезните врати од припратата во црквата при истражувањата во 1986 година беше откриен натпис со старословенски букви во фреско техника од кој дознаваме за првиот ктитор и за името на црквата . во историските извори ја среќаваме во грамотата на кралот Милутин издадена за манастирот Св. Георг Горг Скопски во 1300 година во која се нагласува дека црквата Св.Недела како посебен метох и со целиот свој имот се подарува на овој манастир. На северната страна од црквата Св. Недела се наоѓаат гробови од црковните лица.

Света Недела-раносредновековна некропола

На оддалеченост од 2,8 км. Северно од селото Здуње во подножјето на ридот Булуноец во месноста Света Недела до со дополнителни археолошки истражувања вршени во 1998 година беше откриена некропола при што беа истражени 11 гробови. Гробовите имаат форма на циста од обработени камени блокови. Некрополата во Света Недела најверојатно му припаѓала на средновековното селце Орлов крст.

Црквата Св. Петар и Павле


Црквата Св.Петар и Павле се наоѓа во близина на првобитната локација на селото Здуње во месноста Атанасица. По својата архитектура таа е мала еднокорабна црква вкопана во земја засведена и покриена со двосливен кров од камени плочи. Градена е од кршен камен во комбинација со бигор, а фасадата е прошарана со тули. Особено со декоративен изглед се одликува западната фасада. Црквата била живописана со земјени бои, а сочуван е само мал фрагмент од фреско живописот во олтарниот простор. На јужната страна од дворното место на црквата се наоѓал помошен објект кој е урнат. На празникот Петровден околу пладне се собирале верниците и тука приредувале заеднички ручек. Овој обичај бил напуштен до Втората светска војна.


Црквата Воведение Богородичино (Пречиста)


Црквата се наоѓа на јужната периферија од селото во месноста “Црква“ каде се лоцирани и гробиштата. Подигната е на карпеста подлога. Во архитектурен поглед е еднокорабна црква која на источната страна има тространа апсида со полукружен свод и двосливен кров од керамиди. Црквата е ѕидана од кршен камен,а за декорација на фасадата користена е тула. Таа е гробишна капелна црква. Поседува два слоја на живопис. Првиот слој кој е во фрагментирана состојба датира од првите децении на 17 век од градењето на црквата, а со вториот слој е прекриена во 1922 година. Од првиот слој на живопис е сочувана главата на ангелот од сцената “Рождество Христово“ делови од сцената “Крштевање“ и дел од “Влегувањето во Ерусалим“, фрагмент од сцената “Успение на Пресвета Богородица“ и лик на бесребреникот Кузман. По вторпат црквата е живописна во 1922 година од авторите Косто Николиќ и неговиот син Теодосиј од Лазарополе. Во внатрешноста на црквата има двокатен иконостас од 19 век со престолни икони. Во дворното место од западната страна на црквата била подигната ѕидана камбанерија која поради руинираност се разурнала, а со ангажирање на Црковниот одбор од селото Здуње ѕвоното е подигнато на метална конструкција која не се вклопува во амбиентот на средината. Во јужниот крај од гробиштата се наоѓа помошен објект “тремница“. Објектот е во правоаголна основа, граден е од кршен камен во комбинација со бигор. Целата источна страна е отворен простор конструиран со диреци со башлаци, со парапет од убаво обработени штици. Во овој објект верниците се собирале на ручек за време на погреби и верски празници. Околу црквата се лоцирани селските гробишта. Според обичајот и религиозните сфаќања погребувањето на некрстените деца се вршело “пот црква“, односно под апсидата. Постарите гробови преставуваат камени саркофази “вечни куќи“ кои се градени од камен и бигор. Посебно внимание привлекуваат епитафите на крстовите на гробните плочи од културолошки и јазичен аспект, бидејќи го одразуваат времето кога се подигнати.

Црквата Воведение Богородичино (Пречиста) во село Здуње во време на Првата светска војна е опљачкана од бугарскиот окупатор. Според извештајот на свештеникот на црквата Јефтимије Лешниковиќ од црквата било одземено: вредност од 250 динари, готовина на пари 150 динари, 100 парчиња на штици во вредност од 100 динари или вкупно направена штета од 500 динари. Во друг документ од тоа време се наведува дека од оваа црква е уништен еден пар на свештеничка облека, а земени се црковни книги и тоа еден општ минеј и еден часослов. [[Категорија:]] Закосен текст

[уреди] Редовни настани

[уреди] Личности

[уреди] Култура и спорт

[уреди] Иселеништво

[уреди] Надворешни врски

Други јазици

Static Wikipedia (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2007 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2006 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu

Static Wikipedia February 2008 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu