Жил Верн
Од Википедија, слободна енциклопедија
Жил Верн (Париз, 8 феруари 1828 - Амиен, 24 март 1905), француски писател.
Неговата фантазија ја окупираат научните откритија, далечните земји, храбрите пловидби, истражувачките подвизи и сето тоа што е непознато. Во своите дела, кои во тоа време наликуваа на чиста утопија, тој предвиде многу работа што современата наука успеа да ги оствари дури во наше време. Создаде нов жанр на проза и се здоби со милиони читатели.
Негови најпознати дела се „Дваесет илјади милји под морето“, „Децата на капетанот Гранд“, „Пат околу светот за 80 дена“, „Пат на месечината“ и „Патување во центарот на Земјата“.