Жан Батист Поклен Молиер
Од Википедија, слободна енциклопедија
Жан Батист Поклен Молиер (Париз, 15 јануари 1622 - Париз, 17 февруари 1673), француски писател и артист, еден од најголемите комедиографи на светската книжевност. Автор е на 33 театарски дела во кои ги исмејува тогашното општество, расипаноста и лакомоста на аристократијата. Најпознати негови дела се „Тартиф“, „Дон Жуан“, „Жорж Данден“, „Скржавец“ и „Учени жени“.