Дефиле на воен оркестар, кочии и коњаници
Од Википедија, слободна енциклопедија
И овој наслов е дел од оваа филмска целина снимена во Битола.
Филмот има три кадри, сите снимени од горен ракурс, од исто место во континуитет. Во првиот кадар е снимен воен дувачки оркестар (околу насобран народ), во вториот, со скок во дејствието, колона кочии со цивили, а од страните на колоната по еден турски војник, и во третиот кадар, исто така како продолжение од претходниот, со скок во дејствието, колона коњаници по четворица во ред.
Времетрање 1 минута. Филмот е снимен во стандард техника, без звук, во црно бела техника и 35мм.
Сниматели и режија: Јанаки и Милтон Манаки.