Дерек Шепард
Од Википедија, слободна енциклопедија
Д-р Дерек Шепард Dr. Derek Shepherd |
|
---|---|
Лик од Вовед во анатомија | |
Патрик Демпси како Дерек Шепард |
|
Прво појавување | „A Hard Day's Night“ |
Создаден од | Shonda Rhimes |
Толкуван од | Патрик Демпси |
Информации | |
Прекар(и) | Д-р Сон (понекогаш Д-р Совршен) (Dr. McDreamy) |
Пол | Машки |
Старост | 39 |
Занимање | Глава на Неурохирургија во Сиетл Грејс |
Титула | Доктор по медицина |
Семејство | Мајка Татко (мртов) Кетлин (сестра) Ненси (сестра) Уште две сестри (неименувани) |
Сопружник | Д-р Адисон Ментгомери |
Дерек Шепард (англиски: Derek Shepherd) е измислен лик од телевизиската серија на ABC, Вовед во анатомија. Ликот го толкува актерот Патрик Демпси, кој ја доби Наградата избор на народот во 2007 и 2008 за улогата. За улогата на Дерек Шепард, првобитно бил планиран актерот Роб Лоу, но Патрик Демпси се покажал како најдобра варијанта.
[уреди] Позадина
Дерек е роден во трудолљубива среднокласна фамилија во Њу Јорк и е единствен син од семејство со пет деца. Неговиот татко умрел кога тој бил доста млад, но тој и неговите сестри решиле да надминат се и покрај се сите пет деца Шепард завршиле медицинско училиште и станале доктори. Неговата сестра Ненси специјализирала oбстетиција и гинекологија а другата Кетлин станала психијатар. Најдобриот пријател на Дерек од детството Марк Слоун, кој станал побогат и по нечувствителен, го сметале како втор син на семејството Шепард.
Дерек се омажил со неговата девојка од факултет, Адисон Ментгомери и во 1994 двајцата станале стажисти со резидент д-р Ричард Вебер. ПО многу учење и откако ги поминале стажистките години и резидентските тие станале едни од најдобрите хирурзи во нивното поле. Но поради голема посветеност кон кариерите нивниот брак отуѓил и довело да Адисон спие со Марк.
Откако ги нашол Адисон и Марк во кревет тој го прекинал бракот (но не законски) и се преселил во Сиетл, прифаќајки ја понудената работа од неговиот бивши наставник, д-р Ричард Вебер, како глава на неурохирургија во Сиетл Грејс и почнал да живее во приколка во Сиетл.