Деменција
Од Википедија, слободна енциклопедија
Деменција е болест што го напаѓа мозокот. Тоа е општ поим со кој се опишуваат промените во пaмтењетo и во размислувањето. Најчест вид на деменција е Алцхајмеровата болест. Од деменција може да заболи секој, но таа станува почеста кај луѓето на возраст над 65 години, а особено над 75 години. Сите видови деменција имаат заедничка црта, заболуваат келиите на мозокот и пополека мозокот престанува да работи и замира. Раните знаци може да не бидат видливи - само лекар или специјалист може соодветно да утврди дека се работи за деменција.