Двете лица на Ана
Од Википедија, слободна енциклопедија
Двете Лица на Ана | |
---|---|
Лого |
|
Жанр | драма, теленовела |
Улоги | Ана Лајевска Рафаел Амаја Леонардо Даниел Марија Рубио Маурицио Аспе |
Најавна песна | "Colleccionista de Canciones" , Camila |
Земја на потекло | Мексико САД |
Јазик | Шпански |
Број на епизоди | 120 |
Продукција | |
Извршни продуценти | Лусеро Суарез |
Локација | Мајами Њујорк |
Време на емитување | 45 минути |
Емитување |
|
Канал на емитување | Канал2 |
Original run | 25 септермври 2006 – 9 март 2007 |
Хронологија | |
Следена од | Под уздите на љубовта (2007) |
Надворешни врски | |
Официјална страница | |
Страница на IMDb |
Двете Лица на Ана е романтична американска / мексиканска теленовела. Серијата е снимена во Мајами, во текот на 2006 / 2007 година, со 120 епизоди. Серијата имаше површен успех во Мексико, иако тој успех не се повтори многу низ целиот свет. Оваа теленовела е ко-продукција на мексиканската тв куќа Телевиса и американската Фоновидео.
Содржина |
[уреди] Синопсис
Во средината на приканата е веселата и безгрижната Ана Ескудеро. Нејзиниот најголем животен сон е да стане позната глумица. Попладне го поминува времето грижејќи се за богатата вдовица Грациела Салгадо, чии нејзините две внуки и прават големи проблеми. Грациела ја осигура Ана на аудиција за престижната глумска школа, каде она уште првитот ден го запознава Густаво Галван. Еден кобен ден братот на Ана, Фабијан, на улица го удира автомобил со кој управува Игнасио, разгалениот и неодговорниот син на милионерот Умберто Бустаманте. Од страв од затвор Игнасио подметнува пожар во куќата на Ана во која загинува Марсија, девојката на Фабијан. Плашејќи се за животот на Ана, Грациела ја испраќа во Њујорк, а несреќната Марија покопува под името на Ана. Неколку години подозна Ана се враќа во Мајами. Како би се одмаздила за смртта на нејзините најблиски, Ана во тајност го презема новиот идентитет и станува ладната и пресметливата Марсија Лазкано, елегантна жена која одлучува да го уништи семејството Бустаманте. Со времето успева да го заведе таткото и синот и да ги скара, но не знае дека злобната Ирене го следи секој нејзин чекот и се обидува да ја одвои од Густаво. Многу брзо Ана ќе сфати дека желбата за одмазда може да стои и искрена љубов, а на виделина полека излегува та неочекуваната вистина - Густаво Галван е уметничкото име на Рафаел Бустаманте, третиот син на милионерот Умберто...
[уреди] Улоги
Глумци | Ликови |
---|---|
Ана Лајевска | Ана Ескудеро / Марсија |
Рафаел Амаја | Рафаел Бустаманте / Густаво Галван |
Маурицио Аспе | Игнасио Бустаманте |
Алекса Дамијан | Ирене Алкараз |
Леонардо Даниел | Умберто Бустаманте |
Франциско Рубио | Висенте Бустаманте |
[уреди] Двете Лица на Ана на Балканот
Хрватска:ХРТ
Словенија: ПОП ТВ
Бугарија: Диема Фемили