Дарвел
Од Википедија, слободна енциклопедија
Дарвел Дервал, „The Lang Toun“ (шкотски) |
|
Шкотска | |
Население | 3361 (Попис 2001) |
---|---|
Советно подрачје | Источен Аиршајр |
Замеништва | Аиршајр |
Составна земја | Шкотска |
Суверена држава | Обединето Кралство |
Поштенски град | ДАРВЕЛ |
Повикувачки број | 01560 |
Европски парламент | |
Дарвел (англиски: Darvel (Дервал за мештаните) е мало градче во Источен Аиршајр, Шкотска, со 3361 жители. Се наоѓа на источниот крај на долината Ирвин.
Градското мото е на латински, "Non sibi sed cunctis", што значи "Не за себе, туку за другите".
Содржина |
[уреди] Локација
Дарвел е сместен на патот А71 кој оди од Ирвин на западниот брег до Единбург на исток. Градот се наоѓа на околу 14 километри (9 милји) источно од Килмарнок и е најисточниот град во долината, другите се Халфорд, Галстон и Њумилнс.
Градот порано беше поврзан и со Стоунхаус, Јужен Ланаркшајр (преку Стратхејвен) со железница. Но линијата беше укината во 1964. Поголем дел од пругата сеуште стои, но делови од шините се отстранети а мостовите се срушени. Постоеше голем виадукт на исток од Дарвел, кон ридот Лудан Хил, врз кој беше поставена пругата која поминуваше низ долината. Сепак тој беше срушен во 1986, и се останати само столбовите.
Реката Ирвин тече низ градот и порано се користел за погон на градските мелници.
[уреди] Историја
Иако за модерниот град Дарвел се тврди дека е основан во доцниот 18 век, пронајдени се неколку Римски населби на подножјето на ридот Лудан Хил.
Вилијам Волис, шкотскиот борец за независност, бил поврзуван со областа. Поетот од 15 век Слепиот Хари напишал дека Волис и неговите соборци поразиле англиска војска кај ридот во 1296 за време на Шкотските Војни за Независност. Слепиот Хари раскажал и за тоа како англискиот генерал, Фенвик, кој наводно го убил татко му на Волис, бил убиен во битката. На мапите од околината, малото ридче источно од Лудан Хил е обележано како 'Гробот на Волис'. На истото место на 10 мај, 1307 помеѓу Роберт Брус и англичаните.
Земјиштето на кое се наоѓа Дарвел било во сопственост на Лордовите од Лудан, Џон Кембел, четвртиот Ерл од Лудан го основал модерниот Дарвел во 1754. До 1780, населението изнесувало околу 400.
Во 1876, уметноста на правење чипка била воведена во Дарвел и биле изградени многу фабрики за да се задоволи побарувачката. Многу фабрики морале да бидат затворени во почетокот на 20 век кога опаднала продажбата.
Уште една знаменитост во градот е единствениот телефонски музеј, што работи 24 часа дневно, во Шкотска. Со него раководи пензионираниот инжињер Макс Флемич. Во Дарвел има два локални фудбалски тимови. Дарвел ФК, младински (полупрофесионален) тим, кој игра во Аиршајр Младинска Лига и Дарвел Викторија, локалниот аматерски тим, кој своите натпревари ги игра во Спортскиот Центар Гавин Хамилтон.
[уреди] Главни атракции
Во градот има Градско Собрание, Спортски Центар (Спортскиот Центар Гавин Хамилтон), и два паркови (Киркланд Парк и Мортон Парк). Стариот стадион на Дарвел ФК е сега во сопственост на Дарвел јуниори. Има терени и во Мортон Парк и во Спортскиот Центар, на кои своите натпревари ги игра Дарвел Викторија.
[уреди] Споменици
- Воени Споменици
- Воениот Споменик на Дарвел се наоѓа на плоштадот Хејстингс Сквер во центарот на градот. Споменикот е обелиск од светло сив гранит со квадратна основа. Источната страна е мазна и има напишано само 1914-18 на дното. Западната страна е слична но на неа пишува 1939-45 на дното. На северната страна има еден крст на врвот со бронзен ловоров венец под него.
- Кон основата на обелискот пишува:
За сеќавање на оние
Кои ги дадоа своите животи
Животна жртва
-
- Потоа има 5 колони со имиња на бронзена основа.
- На јушната страна имињата се напишани директно на каменот во две колони.
- Александар Флеминг
- Александар Флеминг, човекот кој го открил пеницилинот бил роден во Лочфилд во близината на Дарвел на 6 Август 1881. Има споменик за комеморација на овој настан. Се наоѓа на плоштадот Хејстингс Сквер.
- Споменик за САС
- Во Дарвел им споменик подигнат во чест на војницитеи офицерите од САС (Специјална Воздухопловна Служба) Дивизијата кои, под команда на Полковникот Р. Б. Мејн, кои, биле стационирани во Дарвел во првата половина на 1944. Споменикот – кој се наоѓа на Брн Роуд, е во форма на конусен куп од камења со плоча од црн гранит на која пишува:
Посветено на
војниците и офицерите од 1та Дивизија на Специјалната Воздухоплвна Служба
Стационирана во Дарвел во 1944
Командант
Полковник Р. Б. Мејн
Легија на Честа, Крст на Војната
ПОЛ. ПЕДИ
-
- Споменикот беше откриен на 2 ноември, 2001. Некои од припадниците на САС присуствуваа на церемонијата на откривањето.
[уреди] Познати жители
- Александар Флеминг, пронаоѓач на пеницилин бил роден во Лочфилд
- Гордон Кри, композитор и диригент
- Џејми Алан Кер, дрводелец
- Алан Џилиланд, композитор
- Кристин Борланд, артист
- Семи Кокс, фудбалер Рејнџерс ФК
[уреди] Надворешни врски
- Дарвел на Источен Аиршајр.gov.uk
- Дарвел на Неоткриена Шкотска
- Дарвел Музички Фестивал
- Карти во Националната Библиотека на Шкотска
- Мапи од 1860
- Воените мапи од Шкотска на генерал Рој.
- Истражувачки водич за локална историска терминологија