Грдата Бети
Од Википедија, слободна енциклопедија
Грдата Бети | |
---|---|
Формат | комедија,драма |
Создадено од | Фернандо Гајтан |
Улоги | Америка Ферера Ерик Мабиус Ален Деил Тони Плана Ана Ортиз Кристофер Горам Ешли Џенсен |
Земја на потекло | САД |
Јазик | англиски |
Број на сезони | 3, за сега |
Број на епизоди | 41, за сега |
Продукција | |
Време на емитување | 42 минути |
Емитување |
|
Канал на емитување | ABC |
Формат на слика | 480i (SDTV), 720p (HDTV) |
Original run | 28 септември, 2006 – сегашност |
Надворешни врски | |
Официјална страница | |
Страница на IMDb | |
Страница на TV.com |
Грдата Бети (англиски: Ugly Betty) е популарна и наградувана американска телевизиска серија. Оваа серија освои многу Еми и Златен Глобус награди, како за најдобра серија и најдобра главна глумица, која ја доби Америка Ферера. Римејк на колумбиската теленовела "Јас сум Грдата Бети", која постигнала невиден успех, Грдата Бети оживеа во Холивуд во студијата на Touchstone Television. Продуцент на серијата е познатата американска актерка, Салма Хајек.
[уреди] Синопсис
Во површниот свет на високата мода, изгледот значи сѐ. Модата доаѓа и заминува, а единствена константа се супер слабите убавици кои ја носат. Како една сосем обична површна девојка, дебела и грда се вклопува во тоа? Ако одвоите момент и ја запознаете Бети Суарез, ќе откриете дека таа е мила, паметна и добра девојка. Но, во светот на модата Бети не се склопува ама баш никако. Кога новинскиот тајкун Бредфорд Мид му го препупта своето царство, Библијата на модната индустрија Мода, синот Даниел, ја вработува Бети како помошничка, воглавно таа е единствената жена во Њујорк која Даниел не ја посакува во кревет. Иако Даниел прво не сака да ја прифати, непобедливиот дух на Бети и свежите идеи малку по малку ќе го освојат.