ГНУ
Од Википедија, слободна енциклопедија
Оваа страница се однесува на софтверскиот проект ГНУ. За дивото животно видете гну.
ГНУ е софтверски проект започнат во 1983 од страна на Ричард Сталман со цел да се напише комплетен оперативен систем кој би бил слободен во смисол на слободен софтвер - секој би имал право и можност да умножува, менува и редистрибуира програма под условите на ГНУ Општа Јавна Лиценца. ГНУ проектот го води Фондацијата за слободен софтвер.
ГНУ проектот има развиено голем број на програми, вклучувајќи го и уредувачот Emacs, ГНУ компилатор (GNU Compiler Collection - GCC) и ГНУ дибагер (GNU Debugger - GDB). Елементите на ГНУ системот во комбинација со системското јадро Линукс, кое не е дел од ГНУ проектот но се дистрибуира под ГНУ Општа Јавна Лиценца, сочинува комплетен оперативен систем ГНУ/Линукс.
[уреди] Симболика
ГНУ е рекурзивна кратенка која се чита GNU is not Unix (Гну не е уникс). Маскотата на ГНУ е африканското животно гну.