Галичник
Од Википедија, слободна енциклопедија
Галичник е село во северозападна Македонија.
Села во Република Македонија | |
---|---|
Галичник (Република Македонија)
|
|
Општина: | Општина Маврово-Ростуше |
Население: | 3 жители (2002 г.) |
Поштенски број: | |
Повикувачки број: | |
Надморска височина: | 1 611 m |
Географска широчина: | 41° 35' 39" сев. ш. |
Географска должина: | 20° 39' 11" |
Веб-место: | www.galicnik.com/ |
Содржина |
[уреди] Географиja и местоположба
Се наоѓа на падините на планината Бистра, во срцето на регионот на Мијачкото племе, околу 10 километри до вештачкото Мавровско Езеро и ски-центарот Заре Лазарески. Познато е по "Галичка Свадба", традиционална и јавна летна свадба, што се одржува секоја година на селската слава - Петровден. За време на свадбата, се игра "Тешкото" оро - што го симболизира надминувањето на тешкотиите во животот (.wav звучна датотека).
[уреди] Историja
[уреди] Економија
Во минатото, економијата на Галичник се базирала на овчарството, додека многу луѓе биле праќани на печалба - да работат надвор од земјата и да пратат дома пари. Денеска, Галичник е само туристичка дестинација, бидејќи локалните жители одамна го имаат напуштено како трајно живеалиште. Повеќето од нив се враќаат да ги реновираат старите семејни куќи и да ги искористат како прибежиште за одмор од летните жештини. Интересно е да се забележи дека официјалниот број на жители на Галичник, преку зима е еден жител.
Галичник е ценет по квалитетниот Галички кашкавал, како и поради белото сирење. Галичник е познат и по локалната традиционална Архитектура, летната Галичка уметничка колонија, како и поради околната недопрена природа.
[уреди] Демографија
Во минатото бројот на населението на селото Галичник ја надминувало и бројката од 4000 жители. Поради силните миграциони процеси кои го зафатиле Галичник, според пописот од 2002 година, се забележани само 3 постојани жители, сите Македонци.
[уреди] Општествени институции
[уреди] Администрација и политика
[уреди] Културни и природни знаменитости
[уреди] Редовни настани
[уреди] Личности
- Панајот Гиновски - македонски преродбеник и собирач на народно творештво
- Александар Сариевски - познат пејач на македонски народни песни
- Ѓорѓи Пулевски - македонски национален деец и војвода
[уреди] Култура и спорт
[уреди] Иселеништво
[уреди] Надворешни врски
- Веб-страна на Галичник (македонски)
- Web-site на КАМ-Галичник (македонски)(англиски)
- Панорамски поглед на Галичник
- Галичката уметничка колонија 2003 (англиски)