Вратница
Од Википедија, слободна енциклопедија
Вратница е мало населено место во северо-западниот дел на Република Македонија.
Села во Република Македонија | |
---|---|
Вратница (Република Македонија)
|
|
Општина: | Општина Јегуновце |
Население: | 505 жители |
Поштенски број: | 1225 |
Повикувачки број: | 044 + (451-??? или 452-???) |
Надморска височина: | 680-750м |
Географска широчина: | 42:08:20N (42.1388) |
Географска должина: | 21:06:26E (21.1073) |
Веб-место: | Vratnica.net |
Содржина |
[уреди] Географиja и местоположба
Сместена е во Полог (Долен Полог), во подножјето на планинскиот врв Љуботен (2498 м; на Шар Планина). Вратница се наоѓа на 22 км оддалеченост од Тетово и на само 5 км од Јажинце, граничниот премин кон Србија и Црна Гора. Надморската височина се движи од 680-750 метри.
[уреди] Историja
[уреди] Економија
[уреди] Демографија
Како и другите села во Македонија така и во Вратница поради миграционите движења село - град, бројот на жителите се намалил од 1384 жители во 1961 година на 572 жители денес. Во 1994 година селото броело 572 жители, од кои Македонци 522 жители, Срби 33 жители и 17 жители изјаснети како “други“. Според најновиот попис од 2002 година Вратница брои 505 жители од кои:
- Македонци 482
- Срби 20
- останати 3
[уреди] Општествени институции
[уреди] Администрација и политика
[уреди] Културни и природни знаменитости
[уреди] Редовни настани
Во Вратница постои повеќедецениска традиција во одржувањето на следните настани:
- Одбележување на Божиќ (на 6.01.)
- Водици (19.01.)
- Традиционален Првомајски Турнир „ВРАТНИЦА“ (1.05.). Ова е најголема спортска манифестација во Полошкиот крај. Турнирот се состои од натпревари во мал фудбал и кошарка (а во минатото и во ракомет).
- Костановден (Св. Констрантин и Елена), месна слава (3.06.)
- Прославување на празникот Илинден на Љуботен (2.08.)
[уреди] Личности
- Славко Милосавлевски - македонски социолог, и дисидент од комунизмот
[уреди] Култура и спорт
ФК Хајдук (Вратница)
[уреди] Иселеништво
Вратница е наделеку позната како место кое има многу иселеници. Вратничани може да се сретнат во многу западноевропски земји, но најмногу ги има во САД, поточно во околината на градот Детроит (државата Мичиген).
[уреди] Надворешни врски
- Вратница - Официјална веб страна
- Сајбер ВРАТНИЦА Интернет Сајт - www.Vratnica.5u.com
- Сајт за Вратница на Македонски јазик (забавен портал) - www.1225-Vratnica.com
- Вратница (http://macedonia.cjb.net)
- DeeJay.blog.hr (Dance Music Blog) - Блогот на ДиЏеј, Саше Антиќ - новости, статии и многу интересни работи поврзани со Вратница
- Vratnizza - Vratnica Pizza Club (photos and funny stuff) - забавни содржини поврзани со Вратница