Венети
Од Википедија, слободна енциклопедија
Венеди, или Венети се едно од трите словенски племенски групи образувани во IV век, во словенската прататковина која се наоѓала источно и северно од Карпатите, до реките Висла и Дњепар.
Венедите биле оние Словени кои го населувале западниот дел од нивната татковина,додека пак Антите биле населени на источниот, а Склавините на јужниот дел.
Некои западни летописци сретнувајќи се со Венедите - кои биле населени најблиску до западна Европа - мислеле дека тоа е името на целиот народ, и затоа по грешка целиот словенски народ го нарекувале Венеди, наместо Словени.