Ауфхебен
Од Википедија, слободна енциклопедија
Ауфхебен (германски: Aufheben) е германски збор со неколку навидум противречни значења. Според професорот Љубомир Цуцуловски тие се: „укинување, задржување и подигнување“.[1]
Во философијата, Ауфхебен е поим употребуван од Хегел за разјаснување на она што се случува при взаемодејствието помеѓу тезата и антитезата, особено преку терминот „сублација“.
Хегеловата философија на историјата ја потенцира важноста на негативното (антитезата) во историјата — тука спаѓаат војните, и сл, но не само тоа. Неговата замисла за историскиот прогрес следи дијалектичка спирала, каде тезата ѝ е спротиставена на антитезата, која пак самата е сублирана од синтезата. Синтезата и ги укинува и ги зачувува тезата и антитезата, очевидна контрадикција, што ги илустрира потешкотиите при толкувањето и преводот на овој концепт.
По овој поим е именувано британското либертаријанско Марксистичко списание „Ауфхебен“.
[уреди] Наводи
Ова е нецелосна статија за философија. Вие можете да помогнете за нејзината дообработка. |