Алегорија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Фигури | |
---|---|
Фигури на значењето (тропи) | |
|
|
Фигури на формата | |
|
|
Алегорија е стилска фигура со која метафоричното т.е. преносното значење на мислата се реализира во целосна слика, со сите пропратни детали. Во поезијата понекогаш тоа е цела песна. Алегоријата поимите ги пренесува како поединечни метафори кои дејствуваат заедно и создаваат комплексна метафора. Оваа стилска фигура често се дефинира и како продолжена метафора. Тоа значи дека алегоријата се создава кога метафората се протега низ целата мисла т.е. низ сите делови кои се содржани во истата.
Карактеристика на алегоријата е тоа што таа не го менува самото значење на зборовите, туку предметот за чие објаснување се користат тие. Најмногу доаѓа до израз во басните, кои во целина се една алегорија.
[уреди] Погледнете исто така
[уреди] Јазични изразни средства
- Лексички
- Зборообразувачки
- Деминутив
- Аугментатив
- Хипокористик
- Пејоратив
- Фразеолошки
- Фонетско-фонолошки
- Алитерација
- Асонанца
- Ономатопеја
- Параномазија
- Граматички
- Морфолошки
- Синтаксички
- Надворешни
- Визуелни
- Аудитивни