23 септември
Од Википедија, слободна енциклопедија
Шаблон:Септември 2008
23 септември е 266-иот ден во годината според григоријанскиот календар (267-и во престапна година). Остануваат 99 денови до крајот на годината.
Во астрономијата - вообичаената дата на која настапува есенска рамноденица (првиот ден на есента) на Северната Хемисфера, односно пролетна рамноденица (првиот ден на пролетта) на Јужната Хемисфера.
Во астрологијата - првиот цел ден на хороскопскиот знак вага.
Настани:
1903 | Над селото Цапари, на Пелистер се водела последната востаничка битка (Пелистерска битка) во битолско во времето на Илинденското востание. Во борбата против османлиската војска загинале 48 востаници. |
Родени:
1889 | Волтер Липман, северноамерикански новинар со голем авторитет за надворешно-политички прашања. До 1966 година бил редактор и уводничар на весникот „Њујорк хералд трибјун“. Два пати бил добитник на Пулицеровата награда |
Починале:
1939 | Сигмунд Фројд, австриски научник, основач на психоанализата. |
1984 | Владо Малески, македонски револуционер, општествено-политички работник и истакнат македонски писател. Учесник е во НОВ на Македонија и е еден од најталентираните основоположници на македонската проза. Најпознати негови дела се „Ѓурѓина алова“, „Она што беше небо“ и „Разбој“. Автор е на сценариото на првиот македонски уметнички филм „Фросина“. |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |