11 јули
Од Википедија, слободна енциклопедија
Шаблон:Јули 2008
11 јули е 192-иот ден во годината според григоријанскиот календар (193-и во престапна година). Остануваат 173 денови до крајот на годината.
Настани:
1921 | Почна борбата за ослободување на Монголија што ја поведе монголската Народна револуционерна партија под раководство на Суха Батор. Овој датум се прославува како национален празник на Народна Репулика Монголија. |
1979 | Американската вселенска станица Скајлаб по шестгодишно кружење по орбитата околу Земјата, се распадна при приземјувањето. |
1987 | Обединетите Нации објавуваат дека новороденчето Матеј Гаспар од Загреб е петомилирдитиот жител на Земјата. |
1995 | Република Македонија и Република Литванија воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади. |
2000 | Во посредништво на американсиот претседател Бил Клинтон, започнуваат преговорите меѓу израелскиот премиер Ехуд Барак и водачот на Палестинците Јасер Арафат околу суверенитетот на Ерусалим. |
Родени:
1274 | Роберт Брус, крал на Шкотска. |
1844 | Петар I Караѓорѓевиќ, крал на Србија и Кралство СХС. |
1871 | Стјепан Радиќ, хрватски политичар и писател. |
1927 | Теодор Мајмен, американски физичар, конструктор на првиот ласер. |
1934 | Џорџо Армани, италијански моден креатор. |
Починале:
1937 | Џорџ Гершвин, голем американски композитор и музичар. |
1982 | Меша Мехмед Селимовиќ, писател. |
1989 | Лоренс Оливие, англиски филмски и театарски актер, продуцент и режисер, еден од најпознатите актери на сите времиња. |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |