Хајнрих Химлер
Од Википедија, слободна енциклопедија
Хајнрих Химлер Heinrich Himmler |
|
|
|
Роден | 7 октомври, 1900 Минхен |
---|---|
Умрел | 23 мај, 1945 Линебург |
Политичка партија | Национал-социјалистичка германска работничка партија (НСДАП) |
Хајнрих Химлер (германски: Heinrich Luitpold Himmler) (7 октомври, 1900 - 23 мај, 1945) бил главниот заповедник на нацистичката паравоена организација СС (Schutzstaffel, SS, Шуцштафел) и еден од најмоќните луѓе во Нацистичка Германија, втор по моќ, зад Адолф Хитлер, во хиерархијата на Нацистичката партија. Како рајхсфирер (Reichsführer, Царски водач) на СС, управувал со СС и Гештапо. Како основач и главен управувач со нацистичките концентрациони логори и одредите на смртта Ајнзацгрупен (Einsatzgruppen), Химлер ја имал главната одговорност за истребувањето на „подлуѓето“ кои биле недостојни за живот. Кратко пред крајот на војната, тој понудил да ја предаде цела Германија на Сојузниците, ако го поштедат од судење како нацистички водач. Подоцна во 1945, Химлер извршил самоубиство со цијанид кога станал заробеник на британската армија откако Германија ја загубила Втората светска војна.
[уреди] Видете уште
[уреди] Надворешни врски
- (англиски) Листа на говорите на Химлер
- (германски) Die Schutzstaffel als antibolschewistische Kampforganisation, есеј на Химлер
- (англиски) About Heinrich Himmler
Претходник: Ерхард Хајден |
Рајхсфирер на СС 1929–1945 |
Наследник: Карл Ханке |
Претходник: Вилхелм Фрик |
Министер за внатрешни работи 1943–1945 |
Наследник: Вилхелм Штукарт |