Т-Мобиле Македонија
Од Википедија, слободна енциклопедија
T-Mobile Macedonia | |
Тип | сопственик Deutsche Telekom |
---|---|
Основана | 1997г. под името Мобимак |
Седиште | Скопје, Република Македонија |
Производ | Мобилен оператор |
Веб-место | www.t-mobile.com.mk |
Т-Mobile Makedonija е првиот мобилен оператор формиран во Република Македонија. Профункционира во септември 1996 година, под името МобиМак. На 7 септември 2006 година Мобимак изврши промена на името и стана дел од Т-Мобиле групацијата. Притоа по повод ребрендирањето, на плоштадот Македонија во Скопје го организираа концертот на кој настапи позната група Pet Shop Boys. Како една од поуспешните компании во Македонија, Т-Мобиле преку фондацијата “Т-Мобиле за Македонија” подржува голем број хуманитарни активности, но исто така го подржува развојот на македонскиот спорт и музика. Т-Мобиле МК има над 1.100.000 корисници, а покриеноста со сигнал на територија на Република Македонија изнесува 98,5%. Префикси кои ги има Т-Мобиле се 070, 071 и 072.
[уреди] Услуги
Т-Мобиле нуди разни услуги за нивните корисници. Меѓу нив се:
- Услугата роаминг која е достапна во над 90 земји и околу 200 оператори.
- Relax тарифните модели за постпејд корисниците.
- Клуб 360 програмата за постпејд претплатниците.
- Програмата Припејд + за припејд корисниците.
- Easy Talk/ Easy SMS припејд тарифните модели со најниски цени за минута разговор.