Светозар Вукмановиќ – Темпо
Од Википедија, слободна енциклопедија
Светозар Вукмановиќ – Темпо (14 август 1912, Подгора кај Бар, Црна Гора - 6 декември 2000, Ражевиќи, Црна Гора) е југословенски комунист.
Студира право на Белградскиот Универзитет. Член на СКОЈ и на КПЈ.
Избран за член на ЦК на КПЈ на Петтата земска конференција во 1940 година. Во 1941 станува член на Воениот комитет на КПЈ, а потоа и на Врховниот Штаб на НОВ и ПОЈ. Како делегат на ЦК на КПЈ пристигнува во Македонија во втората половина на февруари 1943 година и спроведува политика по однос на поврзувањето КПМ со КПЈ.
Неговото делување во Македонија е контроверзно, поради сомневањата дека тој имал влијание во ликвидирањето или отстранувањето на многу видни македонски граѓански и комунистички лидери.