Рудолф Хес
Од Википедија, слободна енциклопедија
Рудолф Хес Rudolf Heß |
|
|
|
Мандат 21 април, 1933 – 10 мај, 1941 |
|
Следбеник | Мартин Борман (како партиски канцелар) |
---|---|
|
|
Роден | 26 април, 1894 Александрија, Египет |
Починал | 17 август, 1987 Западен Берлин, Германија |
Политичка партија | Национал-социјалистичка германска работничка партија |
Рудолф Валтер Рихард Хес (германски: Rudolf Walter Richard Heß) (26 април 1894 - 17 август, 1987) бил важен елемент во Нацистичка Германија, во улога на заменик на Адолф Хитлер во Нацистичката партија.
Како и многу други германци, бил вознемирен од војната помеѓу Германија и Обединетото Кралство. Во предвечерието на војната со Советскиот сојуз, отпатувал на своја рака со борбен авион во Шкотска во обид да преговара за мир со Британија, но бил уапсен. Бил суден во Нирнберг и осуден на доживотен затвор во затворот Шпандау - Западен Берлин, кадешто умрел (наводно се самозадавил со електричен кабел) во 1987, на 93-годишна возраст.
Поради долгогодишната затворска казна која дури и некои од сојузниците сакале да се скрати[1], тој станал предмет на силна восхит меѓу неонацистите и антисемитистите. Заради сличноста со името, Хес понекогаш е мешан со Рудолф Франц Фердинанд Хес (Höß), командантот на логорот на смртта во Аушвиц од 4 мај, 1940 до ноември 1943.